Драги пријатели, сегашни и идни студенти
Добредојдовте на веб страницата на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ), Охрид. Нашиот Факултет претставува лидер во едукацијата на високообразовни кадри од областа на туризмот и угостителството во Република Македонија. Нудиме можност за избор на студиски програми со мултидисциплинарен карактер и целосна примена на Болоњската Декларација. ФТУ ги промовира вредностите на еднаквост, фер однесување кон сите студенти, како и почитување на етничката и културната разноликост. Се радуваме да Ве пречекаме како студенти и се надеваме дека ќе земете активно учество во оформувањето на нашата иднина!