Комеморативна седница по повод ненадејната смрт на Проф. Д-р Јован Стојаноски

По повод ненадејната смрт на Проф. Д-р Јован Стојаноски, Градоначалник на Општина Охрид, Факултетот за туризам и угостителство – Охрид организира Комеморативна седница во понеделник, 17.12.2018 со почеток во 09:00 часот. На седницата збор ќе земат Деканот на факултетот, Проф. Д-р Цветко Андреески, Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. Д-р Сашо Коруновски и Проф. Д-р Климе Попоски, Претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија во осигурувањето на Република Македонија. 

 

 

На 6.12.2018 во просториите на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, се одржа форум на тема: Стратешки развој на туризмот и ефектите на државната политика за негова поддршка

Форумот се организира од страна на Стопанската комора на Македонија во рамките на Проектот на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, четиригодишен проект финансиран од УСАИД Македонија, имплементиран од „ЕПИ Центар Интернационал“ во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

Награди добиени на меѓународниот гастрономски натпревар ГАСТРОМАК 2018

Во периодот 9-11 октомври 2018 година, на меѓународниот гастрономски натпревар ГАСТРОМАК 2018 учествуваа студенти од Факултетот за туризам и угостителство како натпреварувачи и како учесници на мастер класови од познати готвачи. Нашите студенти освоија две медалји и пехар. На ГАСТРОМАК 2018 учествуваа:

 

Проф. д-р Васо Цуцулески и студентите:

 

Ивица Андрески

Даниел Здравески

Катерина Наковска

Рубин Цветаноски

Александар Фармакоски

Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030 - УЧЕЊЕ 2030

Во рамките на ЕРАЗМУС + Програмата од клучната акција 2 – Соработка за иновации и размена на добри практики - Акција:  Стратешко партнерство за високо образование, УКЛО е дел од Конзорциумот на проектот "Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030"-УЧЕЊЕ 2030. 

 

 

 

Основната цел на овој проект е Подготвување на наставниот кадар во високото образование  согласно предвидените промени што треба да се случат во образованието до 2030 во ЕУ имајќи ги во предвид зголемените потреби за индивидуално учење на студентите.

Посета - Универзитет Ополев Полска

На 08.05.2018 во посета на ФТУ беше делегација од Ун. во Ополе Полска. Беше остварена размена на искуства. Г-ѓа Халина Паалмер-Пистарк како Еразмус коордунатор размена искуства и можности со Проф. Д-р Ирина Петровска, Еразмус коордунатор за ФТУ  

Продеканот на ФТУ учествуваше на настанот Модел на Светска Царинска Организација во Руската Царинска Академија

Продеканот на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со двајца претставници од студентите учествува на настанот Модел на Светска Царинска Организација во Руската Царинска Академија. Продеканот одржа и предавање на тема Светска Царинска Организација пред студентите на академијата. 

Огласна табла

СООПШТЕНИЕ - ЗАПИШУВАЊЕ НА ПАРНИОТ СЕМЕСТАР - ВТОР ЗА АКАДЕМСКАТА 2018/2019

21/01/2019 - 10:38

ЗАПИШУВАЊЕ НА ПАРНИОТ СЕМЕСТАР - ВТОР ЗА АКАДЕМСКАТА 2018/2019
ГОДИНА ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ПРВА ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРШИ ВО СЛУЖБАТА ЗА
СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА НА 23, 24 И 25 ЈАНУАРИ 2019 godina.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УПИС
- ИНДЕКС
- УРЕДНО ПОПОЛНАТ ЕКТС ОБРАЗЕЦ ПОТПИШАН ОД РАКОВОДИТЕЛ НА
СТУДИСКА ПРОГРАМА
- ПЕЧАТ ВО ИНДЕКС ЗА ИЗВРШЕН СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕД
- УРЕДНО ПОПОЛНАТ ШВ 20 ОБРАЗЕЦ
- УПЛАТА 85 ДЕНАРИ ЗА ОБРАСЦИ
- УПЛАТА 50 ДЕНАРИ ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ
- РАТА ЗА ПАРТИЦИПАЦИЈА 6150 –државна квота
12300 - кофинансирање

Резултати ВТОР поправен колоквиум по предметот Царинско познавање на стоката

17/01/2019 - 10:50

Резултати од ВТОР ПОПРАВЕН колоквиум кај проф. Д-р Ангела Василеска, одржан на ден 14.01.2019 година

 

ВТОРИОТ ПОПРАВЕН колоквиум по предметот ЦАРИНСКО ПОЗНАВАЊЕ НА СТОКАТА не го положи ниту еден кандидат.

                                                          

 

Предметен наставник,

Д-р. Ангела Василеска

 

  •  
  • 1 of 95

Партнери