Соопштение за изведување на практична работа во претпријатија од туризмот и угостителството
Соопштение до студентите од студиските програми:
Туризам и Хотелско-ресторанска I, II и III година
Почитувани колеги студенти,
Секоја година во вашиот студиски курикулум е предвидена задолжителната практична работа.
Секој студент без исклучок треба да помине 30 дена пракса и притоа да биде ангажиран на соодветно работно место во туристичките и угостителските претпријатија.
Важно е да се знае дека при првата ваша средба со претпоставените од претпријатијата каде ќе бидете пратени на пракса треба да добиете воведно предавање за задачите и обврските кои произлегуваат од соодветната работна позиција на која сте распределени.
Во прилог се конечните списоци за изведување на практичната работа.
Со почит,
Проф. д-р. Иванка Нестороска
Проф. д-р. Симона Мартиноска