Успешен настап на студентот, Томе Барбутов на Светскиот форум за туризам во Луцерн, Швајцарија

На петтиот Светски форум за туризам (WTFL 2017) под покровителство на Светската туристичка организација што се одржа од 2-5 мај 2017 година во Луцерн, Швајцарија, Томе Барбутов кој е студент на 3 година Туризам при Факултетот за туризам и угостителство, Охрид, успешно го одбрани својот истражувачки труд Promotion of safety and security for sustainable tourism development in Republic of Macedonia, со што влезе во деветте финалисти на Млади таленти на Форумот, со најдобри научноистражувачки трудови за 2017 година. Во рамките на Think Tank настанот и дводневните сесии на Форумот учествуваа Ректорот на УКЛО, проф.др.Сашо Коруновски и раководителот на студиската програма Туризам при ФТУ, проф.др.Иванка Нестороска на кој присуствуваа повеќе од 500 учесници од над 75 земји. Овогодишната тема на Форумот беше “Како туризмот да опстои во несигурни времиња” со фокус на промените и предизвиците на овој сектор.