Посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид од амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар

На 21.06.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беше амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар со претставници на Делагацијата на ЕУ во Македонија, како и делегација на општина Охрид на чело со градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески. 

Делегацијата на чело со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија ги посети кујната во рамките на ФТУ која е опремена со современа професионална опрема за готвење и ботаничката градина во склоп на ФТУ кои се набавени, односно изградени со средства финансирани од фондовите на ЕУ во рамките на реализацијата на проектот WATER.NET. Факултетот за туризам и угостителство – Охрид го реализираше проектот во текот на 2015/2016 година преку партнерство помеѓу општина Охрид и Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола од македонска страна и општина Воден и Технолошкиот образовен инстутут од Солун од грчка страна, а е дел од програмата на ЕУ за прекугранична соработка. Со средствата добиени преку овој проект, Факултетот за туризам и угостителство доби современа кујна и ботаничка градина со кои се подигна нивото на квалитетна едукација на студентите во делот на гастрономијата, а работи и на промоција на користење на здрава органска храна во угостителството.