СООПШТЕНИЕ - Пракса - ХРМ, ГИД и Гастрономија

Се известуваат сите студенти од насоките ХРМ, ГИД и Гастрономија, кои треба да изведуваат пракса во летниот семестар 2018 да се пријават и заведат во список кај м-р Климент Арнаудов најкасно до четврток 19.04.2018.

1. Студентите кои сами ја организираат праксата покрај своето име и презиме и број на индекс да го внесат објектот и градот, како и името и презимето на одговорното лице во објектот.
2. Останатите студенти да назначат дека ФТУ ја организира нивната пракса и распоредува на соодветни места.
Студентите кои најдоцна до 19.04.2018 нема да се јават и не бидат внесени во список по основ на точка 1 и 2 во ова соопштение, ќе ги презапишат кредитите од праксата во следниот семестар

Проф. д-р Симона Мартиноска,
раководител на насока ХРМ, ГИД и Гастрономија