Саем за Високо Образование во САД 2018

Американските Катчина/EducationUSA центри во Скопје, Битола и Тетово со поддршка на Американската Амбасада во Македонија по петти пат во Скопје го организираат Саемот за Високо Образование во САД 2018.

Саемот ќе се одржи на 19ти април 2018 во Мериот хотел со почеток од 17:00 до 19:00 часот.

На овој Саем учество ќе земат претставпици од 11 американски високо образовни институции кои нудат додипломски и постдипломски образовни програми. Овие програми се од особен интерес за професорите и студентите кои сакаат да ги продолжат студиите во САД.

Учесниците кои се заинтересирани да го посетат Саемот ќе треба претходно да се регистрираат на линкот објавен на ФБ: EducationUSA Macedonia.