Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030 - УЧЕЊЕ 2030

Во рамките на ЕРАЗМУС + Програмата од клучната акција 2 – Соработка за иновации и размена на добри практики - Акција:  Стратешко партнерство за високо образование, УКЛО е дел од Конзорциумот на проектот "Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030"-УЧЕЊЕ 2030. 

 

 

 

Основната цел на овој проект е Подготвување на наставниот кадар во високото образование  согласно предвидените промени што треба да се случат во образованието до 2030 во ЕУ имајќи ги во предвид зголемените потреби за индивидуално учење на студентите.

Цели на овој проект кој ќе трае до февруари 2020 год се:

 

1.      Дизајн и структура на 8 модули што ќе обезбедат специфични вештини за идното учење преку  on-line веб обука на студентите за совладување на наставниот материјал со професорите, со следниве содржини :

·         Подобрување на учењето до 2030

·         Креирање и користење на е-алатки за учење

·   Работење со социјални мрежи и Web  вештини на пишување

·         Дизајнирање на предавање преку виртуелна училница

·         Структурирање на комбиниран процес на учење

 

2.      Креирање на Ц-книга (c-book)

3.      Креирање на “иновативана лабораторија” (i-lab)

4.     Креирање на виртуелнна училница за учење