Посета на студентите на Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро

На 14.6.2018 година во рамките на предметната програма по предметот Еколошка криминалистика на студиската програма БФК-Охрид, а во организација на предметниот наставник ред проф д-р Марина Малиш Саздовска, беше организирана посета на студентите на Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро. Од страна на командирот Миле Колески и неговите колеги, беа презентирани надлежностите и активностите на припадниците на оваа полициска станица во рамките на сузбивање на еколошкиот криминал на Охридското езеро, а беа презентирани и други мерки за спречување на нелегални активности поврзани со граничниот надзор. При тоа студентите беа запознаени со полициската опрема која се користи  за секојдневните работни обврски, како што се пловните објекти, опремата за ноќно набљудување и сл. Исто така студентите имаа можност да видат и дел од одземената опрема со која се врши недозволен риболов, одземени мрежи за риболов и др. Посетата беше успешно реализирана, истата предизвика голем интерес кај студентите кои поставија бројни прашања, со што уште еднаш се потврди извонредно успешната соработка која Факултетот за безбедност ја остварува со Министерството за внатрешни работи, во случајот со РЦ на ГР Запад и ПС за ГН Охридско езеро.