Средба со претставници од туристичкото и угостителското стопанство за обавување на студентска пракса

На ден 30.11.2016 година на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид беше остварена средба со менаџери хотели и туристички агенции од Охридско - Струшкиот регион. Од страна на деканатската управа им беше презентиран концептот за обавување на студентска пракса при што беа разменети мислења и ставови кои ќе придонесат кон издигнување на сегментот на практична наобразба на повисоко ниво. Од двете страни во целост беа прифатени мислењата, препораките и сугестиите кои беа ставени на дискусија. За учебната 2016/2017 година ФТУ - Охрид ќе распореди околу 500 студенти за обавување на задолжителната студентска пракса во времетраење од 30 до 60 дена кај повеќето туристички агенции и хотели во регионот.

Smiley face

Smiley face

Smiley face