Историјат

Вишата угостителско-туристичка школа во Охрид, се формира со Одлука на Здруженото угостителско-туристичко стопанство на СРМ. Оваа школа е единствена Виша школа во Македонија која имаше за цел едуцирање на стручни кадри од областа на угостителството и туризмот и единствена Високошколска институција во Охрид, од која покасно израсна и Факултетот за туризам и угостителство - во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Битола.
Одлуката за формирање на школата е донесена пролетта 1970 година, а наставата започнала во ноември, учебната 1970/71 година.
     
По донесувањето на одлуката за формирањето на Вишата угостителско-туристичка школа се формира Матична комисија која имаше задача дефинитивно да го конципира наставниот план на школата и да распише конкурс за избор на наставен кадар.

istorijat resenie
 
Матичната комисија ја сочинувале следните членови:
 
Инж. Никола Горичан - Претседател на Комитетот за туризам и угостителство на СРМ;
Проф. Бранко Бунташески - професор при Педагошката академија - Битола;
Проф. д-р Никола Давидовиќ - професор на Економскиот факултет во Скопје;
Проф. д-р Митко Панов - професор на Природно - матема-тичкиот факултет во Скопје;
Проф. Никола Василевски - Помошник - секретар на Репу-бличкиот секретаријат за образование и наука и
Дипл. економист Ангеле Ќосески - Генерален директор на „Палас"-Охрид.
     

Матичната комисија, откако го утврдила наставниот план на школата, распишала конкурс за избор на редовни и хонорарни наставници со звање предавачи или професори на Вишата школа.
Врз основа на пристигнатите стручни мислења на Рецензентските комисии, Матичната комисија од пријавените кандидати ги избрала подолу наведените наставници, кои го создале јадрото на наставниот кадар на Школата.
После изборот на првите наставници, Вишата угостителско-туристичка школа се конституирала како високообразовна институција и започнала со настава на 07.11.1970 година. Во текот на 1971 и 1972 година, колективот се комплетира со наставници, административни и технички лица, па така, кон крајот на 1972 година брои 18 наставници, од кои 9 во редовен и 9 во хонорарен работен однос и 5 работници во секретаријатот