Соработка помеѓу Универзитетот Приморска и ФТУ

На 12.03.2019 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беа претставници од Универзитетот Приморска со седиште во Копер – Република Словенија, како и Проректорот од Универзитетот Гоце Делчев - Проф. д-р Кирил Барбареев. Делегацијата беше предводена од Ректорот Проф. д-р Драган Марушич. На состанокот беа разгледани можностите за склучување на договор за соработка, договор за Еразмус плус програмата за мобилност, како и можностите за заеднички настан на заеднички проекти.

Во посета на ФТУ – Охрид беа претставници на Бар Илан универзитетот од Тел Авив

На 07.03.2019 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беа претставници на Бар Илан универзитетот од Тел Авив – Израел. На состанокот присуствуваше и Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола при што се договори потпишување на билатерален договор за соработка помеѓу двата универзитети. Се разгледаа факултетите и студиските програми за кои може да се соработува. До крајот на академската 2018/2019 година претставници од УКЛО ќе го посетат Универзитетот Бан Илан.

ПРЕДАВАЊЕ ОД ПРОФ. ДР. ИРИТ АМИТ ОД БАР ИЛАН УНИВЕРЗИТЕТОТ НА 07 МАРТ 2019

Во рамките на Еразмус+ соработката на Универзитетот Св. Климент Охридски и Универзитетот Бар Илан од Тел Авив, Израел на 07 март 2019 (четврток) во 11:00 часот  проф др. Ирит Амит ќе одржи предавање од областа на планирање на туристичкиот развој на културното наследство во руралните средини во Израел за студентите и професорите. 

 

Предавањето ќе биде во предавална 5.  

Деканска Управа

На 6.12.2018 во просториите на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, се одржа форум на тема: Стратешки развој на туризмот и ефектите на државната политика за негова поддршка

Форумот се организира од страна на Стопанската комора на Македонија во рамките на Проектот на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, четиригодишен проект финансиран од УСАИД Македонија, имплементиран од „ЕПИ Центар Интернационал“ во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

Награди добиени на меѓународниот гастрономски натпревар ГАСТРОМАК 2018

Во периодот 9-11 октомври 2018 година, на меѓународниот гастрономски натпревар ГАСТРОМАК 2018 учествуваа студенти од Факултетот за туризам и угостителство како натпреварувачи и како учесници на мастер класови од познати готвачи. Нашите студенти освоија две медалји и пехар. На ГАСТРОМАК 2018 учествуваа:

 

Проф. д-р Васо Цуцулески и студентите:

 

Ивица Андрески

Даниел Здравески

Катерина Наковска

Рубин Цветаноски

Александар Фармакоски

Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030 - УЧЕЊЕ 2030

Во рамките на ЕРАЗМУС + Програмата од клучната акција 2 – Соработка за иновации и размена на добри практики - Акција:  Стратешко партнерство за високо образование, УКЛО е дел од Конзорциумот на проектот "Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030"-УЧЕЊЕ 2030. 

 

 

 

Основната цел на овој проект е Подготвување на наставниот кадар во високото образование  согласно предвидените промени што треба да се случат во образованието до 2030 во ЕУ имајќи ги во предвид зголемените потреби за индивидуално учење на студентите.

Огласна табла

СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАКАЖУВАЊЕ НА ПРЕДАВАЊА ПО ПРЕДМЕТОТ ХРАНА И КУЛТУРА - ПРОФ. САШО КОРУНОВСКИ - МАРТ 2019 ОХРИД

04/03/2019 - 13:17

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО СЛУШААТ ПРЕДМЕТОТ ХРАНА И КУЛТУРА КАЈ ПРОФ. САШО КОРУНОВСКИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР НА УЧЕБНАТА 2018/19 ГОДИНА ДЕКА СЛЕДНОТО ПРЕДАВАЊЕ СЕ ЗАКАЖУВА ЗА ДЕН  07.03.2019 – ЧЕТВРТОК СО ПОЧЕТОК ОД 11:00 ЧАСОТ

 

Проф. Д-р Сашо Коруновски​

ИЗВЕСТУВАЊЕ - Предавање по предметот Финансиски менаџмент

27/02/2019 - 12:58

Предавање по предметот Финансиски менаџмент ќе се одржи на ден 02.03.2019 година во 12 часот.

 

Проф. Д-р Климе Попоски

ИЗВЕСТУВАЊЕ за Предавања по предеметот Перење пари кај проф д-р Светлана Николовска

25/02/2019 - 14:03

Предавања по предеметот Перење пари кај проф д-р Светлана Николовска на насока БФК ќе се одржуваат секој петок од 11 часот.

Термин за предавањата кај Доц. Д-р Лариса Василеска во летниот семестар 2018/19

25/02/2019 - 14:02

Се известуваат сите студенти кои во летен семестар 2018/2019 го слушаат предметот Царинско казнено право кај Доц. Д-р Лариса Василеска дека предавањата по предметот ќе започнат од Вторник (05.03.2019) во 12:00 часот, во Предавална бр.4.

 

 

Предметен професор:

Доц. Д-р Лариса Василеска

Термини за предавањата кај Проф.д-р Иванка Нестороска во летниот семестар 2018/19

22/02/2019 - 14:33

Се известуваат студентите дека предавањата кај Проф.д-р Иванка Нестороска во летниот семестар 2018/19 ќе се одржуваат во следниве термини:

 

Анимации во туризмот  - Вторник (26.02.2019) во 12:15 часот

Меѓународен туризам – Среда (27.02.2019) во 09:15 часот

Менаџмент на настани – Четврток (22.02.2019) во 08:15 часот

                

 

Предметен професор

проф.д-р Иванка Нестороска,с.р.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАКАЖУВАЊЕ СЛЕДНО ПРЕДАВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТОТ ХРАНА И КУЛТУРА - ПРОФ. КОРУНОВСКИ - ФЕВРУАРИ 2019

22/02/2019 - 14:30

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГИ СЛУШААТ ПРЕДМЕТИТЕ ХРАНА И КУЛТУРА И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВОКАЈ ПРОФ. САШО КОРУНОВСКИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР НА УЧЕБНАТА 2018/19 ГОДИНА ДЕКА СЛЕДНОТО ПРЕДАВАЊЕ СЕ ЗАКАЖУВА ЗА ДЕН  28.02.2019 – ЧЕТВРТОК СО ПОЧЕТОК ОД 12:00 ЧАСОТ

 

Предметен наставник:

Проф. Д-р Сашо Коруновски 

Термини за предавања во летен семестар 2018/19 - Проф.д-р Лилјана Баткоска

21/02/2019 - 11:47

Се известуваат студентите кои во летниот семестар 2018/19 слушаат предмети кај Проф.д-р ЛИЛЈАНА БАТКОСКА  дека предавањата ќе се одржат во следниве термини:

  • ПСИХОЛОГИЈА ВО ТУРИЗМОТ И УГОСТИТЕЛСТВОТО (сите насоки), СРЕДА (27.02.2019) во 12:00 часот, Предавална бр. (2);
  • КРИМИНАЛИСТИЧКА ПСИХОЛОГИЈА (царина и шпедиција) , СРЕДА (27.02.2019) во 08:15 часот, Предавална бр.(2)

 

                          

Предметен професор:

Проф.д-р ЛИЛЈАНА БАТКОСКА

Известувања за предавања Менаџмент информациски системи кај Проф.д-р Мирјана Секуловска

21/02/2019 - 11:45

Се известуваат сите студенти кои во летен семестар 2018/2019 го слушаат предметот МЕНАЏМЕНТ ИНФОРМЦИСКИ СИСТЕМИ кај Проф.д-р Мирјана Секуловска дека предавањата по предметот ќе започнат од Вторник (26.02.2019) во 12:00 часот, во Амфитеатар.

 

Предметен професор:

Проф.д-р Мирјана Секуловска

Партнери