Erasmus+ Uni Valona

Во рамките на Erasmus + програмата за високо образование, во периодот од 20.02.2017 год до  24.02.2017 год. На ФТУ престојуваа и одржаа предавања проф. Д-р Армела Панајоти  и Проф. Д-р Дорјана Клоси  од Универзитетот  во Валона, Република Албанија. Предавањата  ги опфатија  следните теми:

-Tourist discourse

-TV Commercials and their impact on tourism

-Cultural Values and their impact on tourism

-Hospitality as a national asset

- Food as an essential factor for the development of tourism

-Beverage

-Infrastructure in the service of tourism

Известување –Erasmus + student mobility

Почитуван студенти,

 

Повикот за програмата за моблиност Erasmus+ е во тек.

Сите заинетресирани  редовни студенти на ФТУ – Охрид  кои сакаат да остварат настава со кореспондентни  признати ЕКТС  студиски предмети и да  разменат меѓукултурно искуство  на Универзитетите во Европа да се јават кај Еразмус + Координаторот на ФТУ – Охрид, Проф. Д-р Ирина Петровска.

Пријавување (лично) со одбирање на соодветен Универзитет  и соодветна студиска програма

среда 8.02.2017

 

Промоција на дипломирани студенти од академската 2015/2016 година

На 20.12.2016 година на Факултетот за туризам и  угостителство - Охрид се одржа промоција на дипломирани студенти од академската 2015/2016 година. На промоцијата беа промовирани 95 студенти со завршен прв циклус студии и 6 студенти со завршен втор циклус студии. За студенти на генерацијата беше прогласен Климентина Џавероска од студиската програма туризам со просечен успех од 9.91.

Средба со претставници од туристичкото и угостителското стопанство за обавување на студентска пракса

На ден 30.11.2016 година на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид беше остварена средба со менаџери хотели и туристички агенции од Охридско - Струшкиот регион. Од страна на деканатската управа им беше презентиран концептот за обавување на студентска пракса при што беа разменети мислења и ставови кои ќе придонесат кон издигнување на сегментот на практична наобразба на повисоко ниво. Од двете страни во целост беа прифатени мислењата, препораките и сугестиите кои беа ставени на дискусија.

Презентација за "Програми за Образовна Размена"

Денес во нашите простории беше одржана презентација за "Програми за Образовна Размена" што ги нуди Американската Амбасада во Македонија. Гости ни беа: г. Газменд Илази, Асистент за Образовни Програми при Амбасадата, г-ца Катерине Баст и Др. Пол Коку, корисници на престижната стипендија Fulbright и претставници од Американското Катче Струга.

 

 

 

Огласна табла

СООПШТЕНИЕ за приемни саати кај ПРОФ. Д-Р ГАБРИЕЛА РАКИЧЕВИЌ

08/02/2017 - 14:12

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ПРИЕМНИТЕ СААТИ  КАЈ

ПРОФ. Д-Р ГАБРИЕЛА РАКИЧЕВИЌ НАМЕСТО СРЕДА (15.02.2017)

ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ПОНЕДЕЛНИК (13.02.2017) ОД 8-10 ЧАСОТ.

 

Проф. д-р Габриела Ракичевиќ

Резултати од испитот по предметот Информациски технологии - Јануарски испитен рок 2017

08/02/2017 - 11:54

На следниот линк се дадени резултатите од испитот по предметот Информациски технологии - Јануарски испитен рок.

Резултати од колоквиумите по предметот Информациски технологии - Февруари 2017

08/02/2017 - 11:52

На следниот линк се дадени резултатите од колоквуимите, заклучно со поправниот колоквиум во Јануарскиот испитен рок по предметот Информациски технологии.

СООПШТЕНИЕ ЗА ВПИШУВАЊЕ ОЦЕНКИ ВО ИНДЕКС ПО ПРЕДМЕТИТЕ КАЈ ПРОФ. САШО КОРУНОВСКИ-КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО НАС., ХРАНА И КУЛТУРА - ФЕВРУАРИ 2017

07/02/2017 - 14:33

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГИ ПОЛОЖИЛЕ ИСПИТИТЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ КАЈ ПРОФ. Д-Р САШО КОРУНОВСКИ: КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО И ХРАНА И КУЛТУРА ДЕКА КАЈ АСИСТЕНТОТ МИХАЕЛ РИСТЕСКИ ТРЕБА ДА ГИ ПРЕДАДАТ ИНДЕКСИТЕ ЗА ВПИШУВАЊЕ ОЦЕНКИ НАЈДОЦНА ДО 09.02.2017 – ЧЕТВРТОК. ПРОФЕСОРОТ САШО КОРУНОВСКИ ЌЕ ГИ ПОТПИШЕ ИНДЕКСИТЕ ВО ПЕТОК – 10.02.2017 ВО ПЕРИОДОТ ОД 10:00 ДО 13:00 ЧАСОТ

 

Предметен наставник:

Проф. Д-р Сашо Коруновски

Партнери