Огласна табла

Изјава на Деканот за ТВ О2 - Конкурс за упис на студенти

27/06/2017 - 14:17

На ФТУ годинава е повторно објавен конкурс за упис на студенти за студиската програма за безбедност и финансиска контрола. Деканот на факултетот Цветко Андреески истакна дека се очекува и интресот за истата да биде најголем, а општо се очекува да се запишат околу 300 нови студенти.

 

Погледнете го видеото ТУКА

 

СООПШТЕНИЕ за Втор циклус на студии предмети Безбедносни стратегии и Еколошка криминалистика

27/06/2017 - 12:19

Се известуваат студентите од II циклус на студии што ги полагаат предметите Безбедносни стратегии и Еколошка криминалистика дека испитот ќе се одржи на 28.06.2017 во 14 часот.

Вториот дел од испитот по предметот Безбедносни стратегии ќе се одржи на 30.06.2017 година.

 

Од предметните професори

Оценки по испитите кај Проф. Јове Кекеновски

23/06/2017 - 14:13

Почитувани колеги,

На ден 27ми јуни, вторник со почеток во 10.30ч професорот Јове Кекеновски ќе дава оценки и потписи за положените испити.

 

Со почит,

Проф.д-р. Јове Кекеновски

Посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид од амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар

22/06/2017 - 09:42

На 21.06.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беше амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар со претставници на Делагацијата на ЕУ во Македонија, како и делегација на општина Охрид на чело со градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески. 

СООПШТЕНИЕ за студентите на III циклус на студии

20/06/2017 - 13:51

Се известуваат студентите на III циклус на студии дека испитот по предметот Современи теории во меѓународниот туризам ќе се одржи на 30.06.2017 година во 10 часот.

 

Од предметните професори

Резултати од писмениот испит по предметот Современи технологии и медиуми на промоција - јунска сесија 2017

19/06/2017 - 13:26

Во прилог се дадени резултатите од пипсмениот испит по предметот Современи технологии и медиуми на промоција одржан на ден 12.06.2017 година.

Од предметниот професор.