Додипломски студии

Од понудените студиски програми две се тригодишни и тоа: Хотелско ресторански менаџмент и студиската програма Гастрономија исхрана и диететика, а останатите се четиригодишни. На тригодишните студии, студентите добиваат диплома со освоени 180 кредити, а на четиригодишните се стекнуваат со 240 кредити. Сите студиски програми се акредитирани од страна на Агенцијата за акредитација и евалуација на високото образование со решенија за акредитација. Студиските програми се изготвувани врз основа на анализа на сродни студиски програми од врвни универзитети во светот.

За изведување на наставата на студиските програми од прв циклус на студии, факултетот располага со значаен наставнички кадар од 34 доктори на науки, од кои три доценти, десет вонредни професори и дваесет и еден редовни професори. За потребите на наставата факултетот ангажира и дополнителен број наставници во соодветни области, како и експерти од стопанството во делот на практичната и клиничката настава.

 

Упатство за пријавување испити

Распоред на часови за учебната 2017/2018
Распоред на испити