Магистерски студии

Вториот циклус на студии е можност за дипломираните студенти на ФТУ, но и на другите сродни факултети да го продолжат своето студирање во потребата за стекнување на повисоки знаења вештини и други професио-нални вредности сообразени со предизвиците на услужниот сектори, барани на локалниот и поширокиот пазар на трудот. На ова образовно ниво, студентите ги зацврснуваат знаењата стекнати на првиот циклус на студии; се стекну-ваат со продлапочени, понасочени и поспеци-јализирани знаења и вештини за проучуваната област; се стекнуваат со потребните знаења за користење на научните методи и истражувачките техники за да се оспособат за креативно да ги определуваат и решаваат не само теоретските, туку и конкретните проблеми и состојби во услужниот сектор, се оспособуваат за научно истражувачка работа во својата област. Програм-ските содржини се реализираат преку предава-ња, вежби, менторства, а значајно внимание се посветува на вклучувањето на студентите во реализирањето на проектни задачи во кои доаѓа до израз нивната самостојност, креативност, иницијативност, истражувачки дух и други индивидуални вредности и квалитети.

Во периодот од 2009 год. до денес, на студиските програми од вториот циклус се запишале 485, а магистрирале 72 студенти. На класичните последипломски студии се запишале 349, а до сега со звањето магистер се стекнале 87 студенти. Не само како квантитет, туку уште повеќе како квалитет, вториот циклус на студии репродуцира кадри кои наоѓаат свое место високообразовните и научните институции, но пред се во организациите на услужниот сектор и другите бизниси.

 

Студиски програми

 

Магистерските трудови на кандидатите на ФТУ се објавуваат тука.