Уписи на додипломски студии

Во градот на Словенскиот универзитет, нашиот Факултет постои повеќе од четири децении. Факултетот за туризам и угостителство Ви нуди извонредни услови за стекнување на адекватни знаења од областа на услужните дејности кои се во силен подем во светската економија. Мирната и пријатна крајезерска средина во која се лоцирани Факултетот и Студентскиот дом се прилика кој ретко кој друг факултет може да Ви ја овозможи. Покрај студирањето на нашиот Факултет во Охрид, Ви нудиме можност за дисперзирани студии во Велес.

ЗОШТО ДА НЕ ИЗБЕРЕТЕ НАС:

  • целосна имплементација на Болоњската декларација
  • диплома со академски степен (Bachelor)
  • студирање по Европски кредит трансфер систем (ЕКТС)
  • меѓународна мобилност во наставниот процес
  • стипендии за најдобрите студенти
  • можност за студирање на рати

Доколку сме Вашиот избор, подготвени сме заедно да ја креираме Вашата професионална иднина.

Целосниот конкурс за упис на студенти на УКЛО можете да го погледнете ТУКА.

Уписни рокови

Сите кандидати задолжително треба да пополнат електронска пријава пред започнувањето на уписните рокови. Електронското пријавување се врши на: http://upisi.uklo.edu.mk/.

Доколку имате проблеми со пополнувањето на електронската пријава можете да го погледнете УПАТСТВОТО.

Активност Прв уписен рок Втор уписен рок Трет уписен рок Четврт уписен рок
Пријавување на кандидатите 15,16 и 17.08.2016 01 и 02.09.2016 14.09.2016 23.09.2016
Објавување прелиминарна ранг листа 22.08.2016 05.09.2016 15.09.2016 26.09.2016
Објавување на решение за прием на кандидатите 24.08.2016 07.09.2016 19.09.2016 28.09.2016
Запишување на кандидатите 25 и 26.08.2016 12 и 13.09.2016  20.09.2016 29.09.2016

Студиски насоки и квоти

Студиските насоки за прв циклус на студии можете детално да ги погледнете ТУКА.

Насока државна квота партиципација (еур) приватна квота кофинансирање (еур) Вонредни кофинансирање (еур) за вонредни

УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТУДИИ - ЧЕТИРИГОДИШНИ

 

 

 

 

 

 

Туризам - Охрид  

45

200

20

400

5

400

Осигурување - Охрид

30

200

10

400

20

400

Царина и шпедиција - Охрид

15

200

5

400

 

 

Менаџмент во услужен сектор - Охрид

25

200

15

400

10

400

Туризам - Крушево  

20

100

10

100

 

 

Осигурување - Велес

30

100

 

 

20

400

УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТУДИИ - ТРИГОДИШНИ

 

 

 

 

 

 

Гастрономија, исхрана и диететика - Охрид

30

200

10

400

10

400

Хотелско-ресторански менаџмент - Охрид

20

200

10

400

10

400

 

Документи за пријавување и запишување

При пријавувањето за запишување на единиците на Универзитетот, кандидатите ги поднесуваат следниве документи: 

  1. Пријава за запишување
  2. Оригинални свидетелства од сите класови
  3. Оригинално свидетелство за завршено средно образование
  4. Документ-диплома за положена државна матура или за положена училишна матура или за положен завршен испит
  5. Извод од матичната книга на родените
  6. Доказ за државјанство на РМ (уверение или решение)
  7. Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава III, точка 3
  8. Кандидатите кои конкурираат за запишување со завршено сродно високо или вишо образование поднесуваат и соодветно уверение или диплома, а кандидатите во категоријата за паралелно студирање поднесувааат и соодветно уверение за статус на студент на сроден факултет, студиска група или насока
  9. Кандидатите кои конкурираат како странски државјани ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава V, точка 3 и 4
  10. Потврда за уплатени 300 денари на жиро сметка на факултетот – високата школа за манипулативни трошоци 

 
Напомена: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите пред пријавувањето, да направат преписи од документите за своите потреби. 
 
При запишувањето во прва година на прв циклус судии, примените кандидати поднесуваат: 

  1. индекс и студентска легитимација
  2. три фотографии (2 – 3,5х4,5см. и 1 - 2х3см.)
  3. пријавни листови
  4. Потврда за уплатени 200 денари наменски средства за културно-уметнички потреби на студентите, банка НБРМ на трезорска сметка 100000000063095, сметка на буџетски корисник: 160010509678867, ЕДБ: 4002979132007, Приходно конто 723012, програма 42
  5. Потврда за уплатени 300 денари за студентски гласила и за други потреби на студентите во наставно-образовниот процес, банка НБРМ на трезорска сметка 100000000063095, сметка на буџетски корисник: 160010509678848, ЕДБ: 4002979132007, Приходно конто 723012, програма 42
  6. Потврда за уплатени 1000 денари за функционирање и развој на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, банка - НБРМ на трезорска сметка: 100000000063095, сметка на буџетски корисник: 160010509678852, ЕДБ: 4002979132007, Приходно конто: 723012 Програма 42
  7. Потврда за уплатени средства за партиципација или за кофинансирање на жиро сметката на соодветната единица на Универзитетот.