Самоевалуација

Во рамките на самоевалуациониот процес, Комисијата најпрво ги определи целите на самоевалуацијата, учесниците во процесот на самоевалуација и очекуваните ефекти од овој процес. Исто така, го утврди и начинот на којшто ќе бидат утврдени вистинските состојби на факултетот. Во самоевалуациониот процес ја применивме SWOT – анализата. Констатациите и заклучоците ќе бидат поткрепени со соодветни податоци презентирани во табели кaко прилог.

Извештајот за самоевалуација е работен со општа помош на повеќе чинители на Факултетот.

Помош во неговата изработка дадоа сите учесници во процесот на самоевалуација, наставниците и студентите, како и административните служби, a целиот процес го координираше продеканот за настава на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид.

Извештај за самоевалуација (УКЛО)

Извештај за самоевалуација (ФТУ)