Хотелско ресторански менаџмент

Осовременувањето на студиската програма за студиите по хотелиерство и ресторатерство е детерминирана пред се од светските тенденции во развојот на туризмот и угостителството, како и развој на воспитно-образовната дејност.

Студиската програма на хотелско – ресторански менаџмент во прв циклус претставува можност за унапредување на хотелската и ресторанската дејност во Република Македонија низ користење на профилирани кадри кои ќе можат да се справат со предизвиците на современите хотелско - ресторански процеси. Студиската програма е во функција на користење на современи методи во работните активности, оспособеност за осознавање на новите научни резултати и нивна имплементација како апликативни решенија.

Конкурентноста на хотелско - ресторанскиот пазар бара да се знаат основите на хотелско- ресторанската проблематика, карактеристиките на просторните категории во хотелиерството и ресторатерството, социјалните и социолошките вредности на хотелско - ресторанската дејност, карактеристиките на учесниците во овие процеси, економската условеност и економските резултати, правната регулираност и контролата на сложените активности. Тоа всушност значи дека преку едукативниот процес ќе се овозможи правилно управување со ресурсите како во рамките на просторните целини и административните рамки, така со стопанските субјекти кои делуваат во областа на хотелиерството и ресторатерството.

Елаборат: