Менаџмент во услужен сектор

Првиот циклус универзитетски студии по Менаџмент во услужен сектор, според националната рамка на високообразовните квалификации припаѓа на универзитетски студии со 240 кредити – VIA, кои ги оспособуваат студентите за работење во услужен сектор, посебно од областите на културата, логистиката, промотивните активности и финансиското работење. Наставната програма е конципирана според моделот 4+1, односно четиригодишни додипломски студии, со можност за запишување на уште една година последипломски студии од втор циклус на студии.

Факултетот за туризам и угостителство во Охрид како најстара високо-образовна институција во Република Македонија која нуди студиски програми во секторот на услуги (Туризам, Хотелски менаџмент, Осигурување, Царина и Шпедиција) понуди студиска програма под наслов Менаџмент во услужен сектор со четири модули: Промотивен менаџмент, Логистички менаџмент, Менаџмент во културата и Менаџмент во финансиско работење. Со завршувањето на четиригодишните студии од првиот циклус на универзитетски студии, дипломираните студенти се стекнуваат со соодветна диплома, зависно од модулот кој го завршиле и тоа:

  • на модулот Промотивен менаџмент - Дипломиран менаџер во услужен сектор – промотивен менаџмент (Bachelor of Management in service sector - Promotional management);
  • на модулот Логистички менаџмент - Дипломиран менаџер во услужен сектор - Логистички менаџмент (Bachelor of Management in service sector – Logistics management);
  • на модулот Менаџмент во културата - Дипломиран менаџер во услужен сектор - менаџмент во културата (Bachelor of Management in service sector - Management in culture).
  • на модулот Менаџмент во финансиско работење - Дипломиран менаџер во услужен сектор – менаџмент во финансиско работење (Bachelor of Management in service sector – Management in financial operations)

 

Елаборат (стара програма)

Елаборат 2018