ЦЕНТАР ЗА НАУЧНО ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА – ФТУ ОХРИД



Интегрален дел на целокупната дејност на Факултетот за туризам и угостителство Охрид претставува и научноистражувачка дејност како творечка работа чии резултати содржат во себе изворност или новина, насочена кон проширување на вкупните знаења во науката и нивната примена.
Задачи на Центарот за научно-истражувачка работа согласно Статутот на ФТУ Охрид се:
- да придонесува во организирано поврзување и соработка на другите наставно-научни организациони единици од факултетот со соодветни научни институции и организации во земјата и странство;
- да ја иницира и остварува издавачката дејност преку издавање на учебници, учебни помагала, монографии, студии, списанија, годишници, зборници, гласила и друга прирачна литература.
- да придонесува во организизација на стручни советувања, симпозиуми, научни собири и слично;
- да ја координира изработката на студии и експертизи за потребите на стопанските и други субјекти;
- да врши и други работи и услуги од областите кои се истражуваат на Факултетот за туризам и угостителство;
АКТИ НА ЦНИР