ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ – ТУРИСТИЧКИ ПРИДРУЖНИК – РАКОВОДИТЕЛ НА ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА

Факултетот за туризам и угостителство – Охрид нуди можност за заинтересираните кандидати да се стекнат со Уверенија за ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ и ТУРИСТИЧКИ ПРИДРУЖНИК, како и Сертификат за РАКОВОДИТЕЛ НА ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА
ДОКУМЕНТИ И ИНСТРУКЦИИ
Пријавувањето на програмите за ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ, ТУРИСТИЧКИ ПРИДРУЖНИК и РАКОВОДИТЕЛ НА ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА може да се врши во секое време, односно нема уписни рокови. За пријавување се поднесуваат следните документи:
– Пријава (се издава на ФТУ-Охрид)
– Копија од лична карта
– Извод од матичната книга на родените (оригинал)
– Копија заверена на нотар од диплома за завршено образование (најмалку четиригодишно средно образование)
– Доказ за уплатени средства (според програмата на запишување)
Постојат поволни услови за дипомираните студенти на ФТУ-Охрид на насоката Туризам во однос на средствата кои се уплаќаат, како и во однос на бројот на предвидените испити кои се полагаат.
По пријавувањето на соодветната програма кандидатот добива соодветен материјал за учење – Прирачник за туристички водич, Прирачник за туристички придружник, односно Прирачник за раководител на туристичка агенција.
Полагањето на предвидените испити се врши во секое време во договор со предвидените професори според програмата (не постојат ограничени рокови и сесии за полагањата).
Средствата за запишување и апсолвирање на програмите се уплаќаат во банка (со уплатница ПП-50) или на ФТУ-Охрид со платежна картичка.
ДЕТАЛИ ЗА ПРОГРАМИТЕ