На Годишното Собрание на Научно – истражувачкиот центар за интердисциплинарни студии (ZWIRN) од областа на управување со ризици на одржливост, Проф. Климе Попоски е примен за придружен член ( www.ostfalia.de/cms/en/zwirn/start/)
Научно – истражувачкиот центар познат под името ZWIRN е во состав на Универзитет за применети науки Остфалија од Wolfenbüttel, Германија ( www.ostfalia.de/cms/en/) и е еден од најголемите центри за управување со ризици и одржливост во Европа.
Ангажманот на Проф. Климе Попоски следи како резултат на неговите напори за промовирање на осигурителната индустрија на глобално ниво во остварувaње на милениумските цели на Организацијата на Обединети Нации за одржлив развој. Имено, Проф. Попоски беше сведок на подпишувањето на историскиот договор помеѓу ООН и Меѓународната oрганизација за осигурување ( www.internationalinsurance.org/), по покана на тогашниот Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун во седиштетот на ООН во 2015 година.