Се известуваат студентите на насоките Туризам, ХРМ и Гастрономија, кои се од другите градови и кои сакаат практичната настава да ја извршат во угостителски објект во својот град, во среда во 9 часот да се јават кај м-р Климент Арнаудов за евиденција. Истото може да го сторат и студенти кои работаат или планираат да работаат во одреден угостителски објект, а кои не мора да се од друг град. Како доказ ќе послужи копија од договорот за вработување.
За останатите студенти од идната недела ќе биде објавен распоредот по објекти.
Оние што не ќе можат да дојдат да ме контактираат на kliment_miko@yahoo.com
Со почит, м-р Климент Арнаудов