Activities on the subject Basics of cooking in the directions Gastronomy and Hotel-restaurant management

Студентите кои ги следат предавањата по предметот Основи на готварство во изминатиот семестар беа во можност да навлезат во оваа гастрономска проблематика со примена на пристап кој по прв пат се користи на ФТУ-Охрид. Предавањата и вежбите по предметот беа организирани со физичко присуство со запазување на сите протоколи и Антиковид мерки. Основи на готварство се изучува од студентите запишани во прва година на насоката Гастрономија и втора година на насоката хотелско-ресторански менаџмент. Од овој семестар се внесоа новитети. Се користи француска методологија при презентацијата на наставните содржини со примена на технички листи, или таканаречените стандардизирани рецепти каде прецизно се наведени сите состојки и готварските техники кои соодветно се применуваат сходно за изработка на специјалитетите. Предавањата и вежбите по предметот се изведуваат по менторство на д-р Климент Наумов, насловен доцент, кој во своите предавања и вежби го применува знаењето кое го стекна на високата хотелиерска школа во Авен – Франција за време на неговиот двомесечен престој и м-р Момчило Цониќ, предавач од областа на гастрономијата на Високата школа за бизнис во Лесковац кој е професионален готвач со работно искуство преку 20 години. Во прилог фотографии од изработените рецепти од страна на студентите во овој семестар.