Тимот на Иновацискиот Хаб од Охрид (Марјан и Татјана), по покана на Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење, учествуваше на тридневниот настан (22-24 јули 2021) кој беше организиран во рамки на проектот „Intelligent Cross-Border Accelerator for Innovative ICT-enabled start-ups iCBA (https://icba-project.eu/).“ На настанот беше учествуваа 24 тимови кои ги презентираа своите бизнис концепти.

Ова беше одлична можност за учење, вмрежување и воспоставување на нови контакти за зајакнување на претприемачкиот екосистем во нашиот регион.

Им честитаме на сите тимови кои имаа иновативни идеи и прекрасно ги презентираа!