На крајот на месец септември беше реализирана обуката за туристички водичи за културно-туристичката патека „СВЕТИ ВОДИ“. Проектот беше реализиран во соработка со општина Ресен како носител на овој проект дел од европската програма INTERREG IPA CBC. Факултетот за туризам и угостителство – Охрид успешно го реализира овој проект со посветеноста на проф. д-р Сашо Коруновски-експерт од областа на културното наследство, проф. д-р Науме Мариноски-експер од областа на природното наследство и туристичката географија и доц. д-р Климент Наумов- експерт од областа на туристичкото водење и воедно лидер на проектот.