На ден 29.10.2021 во просториите на Факултетот за туризам и угостителство се одржа клиничка настава за студентите на предметот Заштита на културно наследство. Предавањето го држеше Д-р Никола Митровиќ – Директор на Историскиот архив во Охрид. Д-р Митровиќ одржа предавање каде со аналитички пристап и практични примери ги опфати основите на културното наследство, пристапите на истражување на наследството и улогата на различните научни дисциплини во утврдувањето на историските факти. Се потенцира важноста на пишаните документи и предноста пред усмените сведоштва во научната верификација и историската интерпретација на културното наследство. Студентите се запознаа со улогата и значењето на Историскиот архив како институција која се грижи за собирање, складирање, зачувување и популаризација на пишаните документи. Д-р Никола Митровиќ изнесе и интересни факти и практични примери од работата на Историскиот архив во Охрид, како и значењето на пишаните документи и усмената интерпретација во минатите историографски и археолошки истражувања во градот.

Охрид, 29.10.2021
Доц. Д-р Михаел Ристески