Во рамките на активностите на Светскиот форум за туризам-Луцерн, Швајцарија, на 15и 16 ноември 2021 ќе се одржи иновативен фестивал за студентите од партнерските институции на овој Форум. Бидејќи нашата студентка Ивона Тренскоска е во 12-те финалисти во рамките на програмата за млади таленти во рамки на форумот, организаторот овозможи бeсплатно учество на овој настан за студентите од ФТУ како партнерска институција.
Настанот ќе се одржи on-line, а можат да се пријават студенти кои студираат на насоките Туризам, Хотелско-ресторански менаџмент, Гастрономија и Менаџмент во услужен сектор, најдоцна до 13.11.2021 на мејл кај проф.др.Иванка Нестороска (Ivanka.nestoroska@uklo.edu.mk) за да добијат пристап.
Повеќе информации за настанот можете да добиете на:
festival2021.wtflucerne.org/online-programme/
www.wtflucerne.org/young-talent-programme
Проф.др.Иванка Нестороска с.р.