Почитувани студенти,
Ве известуваме дека на ден 12.11.2021 година (петок) со почеток во 10:00 часот до 14:00 часот ќе се одржат избори за членови и претседател на Факултетското студентско собрание.
Гласачкото право може да го извршите во холот на ФТУ, каде по приложување на валиден индекс издаден од страна на Факултетот за туризам и угостителство ќе Ви бидат доделени гласачките ливчиња за избор на членови и претседател на Факултетското студентско собрание. Мандатот на членовите и на претседателот на факултетското студентско собрание трае една година.