Студентите од студиската насока Гастрономија беа вклучени во проектот: “GOOD FOOD IS GOOD MOOD” финансиран од Националната агенција за образование и мобилност во рамките на Еразмус + програмата КА 202 Стратешко партнерство во стручно образование и обука. Носител на проектот е ЦЕС академијата од Скопје.
Студентите од ФТУ-Охрид, заедно со студенти од сродни институции од Португалија и Италија учествуваа на еднонеделна интензивна обука за развој на меки вештини за себепромоција, барање работа, подготовка на професионална биографија, интервјуа за работа и тн.
Наредна етапа на овој проект е посета на една од двете земји и продолжување на обуката под менторство на тамошни експерти.
Како дел од задачите кои им беа рапределени на нашите студенти беше да реализираат интервју со нивниот професор во делот на Гастрономијата и да снимат репортажа за Охрид како би ги запознале своите колеги од Португалија и Италија со убавините на градот.
И двете видеа беа релизирани со доц.д-р Климент Наумов, во својство на наставник по гастрономија и во својство на професионален туристички водич.
Видеата можете да ги погледнете на следните линкови:
Ve Project 12-1.m4v <drive.google.com/file/d/1WbpOZnkwn7vg18nVEspKNCWmk3ewFqyf/view?usp=drive_web> Ve Project Ohrid Celo Video Original.m4v <drive.google.com/file/d/11NC-EEV7mX7rnzN_AqbrgK3VD3PODXEk/view?usp=drive_web>