Им се соопштува на сите студенти кои ги слушаат предметите ХРАНА И КУЛТУРА, ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА и ГАСТРОНОМСКИ ТУРИЗАМ во летниот семестар на академската 2021/22 година дека предавањата ќе се одржуваат по електронски пат (on-line) со видео-конференција. ON-LINE предавањата со видео-конференција (on-line streaming) ќе се врши преку платформата GOOGLE MEET (meet.google.com/). Оваа платформа може да се преземе и како ANDROID – апликација за мобилните телефони. На студентите ќе им биде испратена покана преку имејл за присуство на електронските платформи GOOGLE CLASSROOM и GOOGLE MEET. Студентите се молат да ги проверат своите официјални имејл адреси (од I-KNOW системот за уписи/заверка на семестар/пријавување на испити). Доколку некои студенти не добијат покани (односно подоцна го избрале предметот), се молат да го контактираат Доц. Д-р Михаел Ристески на имејл адресата: michael.risteski@uklo.edu.mk
Предметен наставник: Доц. Д-р Михаел Ристески