Факултетот за туризам и угостителство – Охрид освои прво место на Универзитетскиот турнир во мал фудбал кој беше одржан по повод 25 април, денот на основањето на Универзитет ,,Св. Климент Охридски”. На турнирот учествуваа екипи од 10 единици на Универзитетот, а подобрите од нив ги понесоа и титулите. I место освои екипата на Факултетoт за туризам и угостителство-Охрид, II место-Технички факултет – Битола и III место- Факултет за безбедност – Скопје.
Факултетот за туризам од Охрид на поединчените натпревари извојува победа со резулатите 12:0, 5:1 и 3:0 против Педагошки, Технички и Факултетот за безбедност.