Врз основа на студиската програма на Факултетот за туризам и угостителство и Меморандумот за деловно-техничка соработка помеѓу Царинската Управа на РМ и Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, ги информираме студентите од прва, втора и трета година насока Царина и шпедиција дека во месеците јуни, јули и август ќе се одржи студентска пракса во организационите единици на Царинската Управа на РМ. Детален Распоред за студентската пракса 2022 со распоред на студентите и времетраење на праксата и организациона единица каде ќе се изведува студентската пракса (според местото на живеење на студентот) ќе биде објавено на веб страната на ФТУ до крајот на месец мај 2022.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации, може да го контактирате Раководителот на наставно-научна организациона единица Царина и шпедиција Проф. Д-р Лариса Василеска