Ни претставува голема чест да Ве информираме дека Одборот на германското стопанство за источните земји и Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија ја спроведуваат програмата за стипендии на Германското стопанство за 2023 година.
Целта на оваа програма е да обезбеди практична работа за квалификувани кандидати од Северна Македонија во најуспешните германски компании, во период од 3 до 6 месеци. Оваа програма е поддржана од Владата на Сојузна Република Германија, која воедно ги покрива и трошоците за престој, патување и месечен надоместок.
Праксата во компаниите започнува на 01 јули 2023!
Во прилог: основните податоци кои треба да бидат задоволени од потенцијалните кандидати, рокот на пријавување е заклучно до 16. ноември 2022 година на следната интернет страница: