Им се соопштува на студентите кои го слушаат предметот Политика за развој на туризмот дека предавањата во летниот семестар на академската 2022/2023 ќе ги изведува Доц. Д-р Михаел Ристески, во замена на Проф. Д-р Симона Мартиноска. Пратена е покана за учество на платформата GOOGLE CLASSROOM на студентите преку која ќе ги добијат сите известувања за предавањата и полагањата. Поканите за учество се пратени на официјалните имејл адреси од системот IKNOW (системот за пријавување испити) и треба да се кликне на копчето „Accept“. Се замолуваат студентите да ги проверат своите имејл адреси (вклучувајќи го и SPAM фолдерот). Доколку студентите немаат добиено покана или користат различна имејл адреса од онаа на IKNOW системот, да пратат имејл на: michael.risteski@uklo.edu.mk
Доц. Д-р Михаел Ристески Охрид, 27.02.2023