СТУДЕНТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС ВО УСЛУЖНИТЕ ДЕЈНОСТИ

За конференцијата

Услужниот сектор е исклучително значаен за светскиот и националниот економскиот раст и развој. Генерира милиони вработување, значително придонесува во БДП, ги поттикнува иновациите и продуктивноста. За илустрација услугите сочинуваат околу 70% од глобалниот БДП и секторот вработува околу 43% од глобалната работна сила. Современите бизниси користат нови технологии и процеси за да ја подобрат ефикасноста и да обезбедат услуги со примена софистицирани знаења за кои се потребни висококвалификувани работници.

Целите на студентската конференција се насочени кон:

  • Истражување и нови знаења: Поттикнување на студентите да спроведат истражување за да стекнат подлабоко разбирање за услужниот сектор, неговите предизвици и можности и креирање форум за презентација на меѓусебните идеи.
  • Вмрежување: Можности за меѓусебно вмрежување на студентите и нивно поврзување со професионалци и истражувачи од секторот за да се согледаат потенцијалните можности за кариера.
  • Подобрување на вештините за презентација: Развивање презентациски вештини, преку стекнување искуство во презентирање на трудовите, одговарање на прашања и комуникација со публика.
  • Поттикнување на иновациите: Развој на иновативни идеи и решенија за услужниот сектор, што ќе доведе до нови производи, услуги или деловни модели.

ТЕМИ

  • Туризам и угостителство
  • Хотелско-ресторански менаџмент
  • Осигурување
  • Гастрономија
  • Финансии
  • Менаџмент со ризик
  • Царина и шпедиција
  • Меѓународна трговија

МОЖНОСТИ ЗА ОБЈАВУВАЊЕ

  • Трудовите ќе бидат објавени во
  • Зборник на трудови – СЕРВЕКО
  • Секој труд ќе има свој DOI број

ВАЖНИ ДАТУМИ

15.05.2023 Поднесување трудови

22.05.2023 презентација на трудови (датум на конференција)

Подготовка и начин на поднесување на трудовите:

  • Трудовите треба да се подготват според следниот ТЕМПЛЕЈТ и да се поднесат електронски на следната имејл адреса:

conference@ftu.uklo.edu.mk

ОРГАНИЗАЦИСКИ ОДБОР:

  • Д-р Снежана Дичевска
  • Д-р Александар Трајков
  • Д-р Бојан Србиноски
  • Д-р Данијела Милошоска
  • Д-р Вера Караџова
  • Д-р Ангела Паскуале
  • Фани Милошева