Почитувани,
Ве информираме дека на ден 21.05.2024 година во период од 10-14 часот, Црвен крст Охрид заедно со Факултетот за туризам и угостителство Охрид организира крводарителска акција.
За да станете крводарител, потребна е желба и мал дел од Вашето време. Крвта која ја подарувате е скапоцен лек од кој зависи животот на многу болни луѓе, со една единица крв може да се спасат и до 3 животи. Со самото дарување на крв, крводарителот изразува највисок степен на солидарност кон сите оние на кои таа им е потребна, без оглед на возраст, пол, раса, боја, национална и верска припадност.
Дел од бенефиции кои ги имаат крводарителите:
 Според законот за работни односи на Република С.Македонија, член 150, работникот(студент) кој доброволно дава крв има право на отсуство од работа(факултет) на два последователни работни дена за секое давање крв.
 Дарителите на крв кои даруваат крв повеќе од десет пати се ослободени од Партиципација во цената на некои здравствени услуги како:
 амбулантно-поликлиничка здравствена заштита
 лабараториски прегледи и анализи
 ренгентски прегледи, ехографски снимања, преглед со скенер и магнетна резонанца
 специјалистички лекарски преглед
 болничко лекување и рехабилитација (заклучно со 30-тиот ден, вклучувајќи и болничка исхрана)
По извршениот лекарски преглед и одредувањето на хемоглобинот во крвта, класично дарување крв трае само десеттина минути.