Центар за научно – истражувачка работа

Научноистражувачка дејност

Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, во времето на неговото формирање и неколку децении подоцна, егзистираше како единствена високообразовна институција за профилирање на високообразовен кадар за потребите на туризмот и угостителството. Во почетокот на 21 век, во високото образование во Македонија се создадоа повеќе сродни високообразовни институции. Со зголемената образовна понуда и конкурентност уште повеќе се зацврсти одговорноста и ориентацијата на факултетот кон подигнување на квалитетот во својата дејност. Денес, со задоволство констатираме дека ФТУ – Охрид низ досегашниот полувековен развој си обезбеди посебна позиција во остварувањето на високообразовната дејност за потребите на туризмот, угостителството и другите услужни дејности. Се потврдува поентата дека факултетот е препознатлив по својата петдецениска образовна традиција и квалитет во профилирањето на кадри, по својата научна и стручна работа и по својата иновативност и ориентираност кон барањата и потребите на новото време.

Во остварувањето на таквата развојна ориентација на факултетот, посебна место има научно-истражувачката дејност. Благодарение на континуираната посветеност и научна ориентираност на наставно-научниот кадар, во рамките на факултетот се реализираа бројни научноистражувачки и стручни проекти кои значат влог во збогатувањето на научната мисла. Од индивидуална и спонтана иницијатива и активност, каква што беше на почетокот, научно-истражувачката дејност во годините што следуваа, прерасна во научно-истражувачка дејност со развивена институционална и правна рамка, за денес да биде препознатлива карактеристика во организирањето и функционирањето на факултетот. Денес, факултетот може да се пофали како организатор и коорганизатор на бројни и најразлични форми и содржини на научно-истражувачки активности реализирани во изминатиот период, и тоа:

Повеќе од 30 меѓународни проекти реализирани во мрежата на балканските и европските високообразовни и други научно-истражувачки и стручни институции, кои резултирале со апликативна примена во решавањето на најсложени состојби во реалниот сектор;

Близу 20 научно-стручни конференции и симпозиуми на кои со свои научни и стручни трудови учествувале повеќе од 1000 експерти од десетици институции и земји од Балканот, Европа и целиот свет. На тој начин, факултетот стана дел од една поширока, меѓународна научна рамка каде се споделуваат научните резултати и погледи за најактуелните аспекти од областа на туризмот, угостителството, царината, осигурувањето, безбедноста и финансиската контрола. Како надоврзување на процесот на интернационализација на научната мисла започнат на конференциите, извршено е публикување на научните трудови во специјални изданија од конференциите и собирите;

Бројни индивидуални научни и стручни ангажмани на наши професори на респективни научни конференции во земјава и странство во организација на други високообразовни и научни институции;

Постојано организирање на трклезни маси, работилници, курсеви, семинари и поканети предавачи и други форми низ кои факултетот иницира научна и стручна дебата за најактуелните случувања во изучуваната област во функција на зајакнување на лидерските капацитети на учесниците, перманентно збогатување на професионалноста на учесниците, актуелни аспекти за храната, виното, туризмот и другите услужни дејности кои се предмет на дејноста на факултетот;

Внимание заслужува и придонесот на факултетот во создавањето на научо-истражувачки помладок. Во изминатите години на факултетот се профилирани повеќе од 50 доктори на науки и уште поголем број магистри.

Во моментите кога го чествуваме 50-годишнијот јубилеј на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, има потреба да потсетиме на вредност, значењето и улогата на мисловниот потенцијал на факултетот, ангажиран во научно-истражувачката дејност. Оддавањето признание за научно-истражувачки достигнувања во минатото, не го правиме за да се задоволиме со старите победи туку уште повеќе да се мотивираме за натамошен развој на научноистражувачката дејност во новиот општествен амбиент во кој се реализира туризмот и другите услужни дејности кои се предмет на нашето научно интересирање.

Глобализацијата како водечка ориентација за идниот развој на општеството наметнува потреба научно да се следат процесите што ќе се продуцираат со глобализацијата и промените до кои ќе дојде. Туризмот, исто така, доживува бројни промени и како социолошка, економска и културна појава, но и како појава кон која треба на нов начин да се пристапува при нејзиното истражување. Во таа насока, од ФТУ – Охрид во делот на научно-истражувачката дејност се очекува да развие организациски, технички, кадровски, финансиски и други капацитети со кои ќе биде способен да произведува знаење со кое ќе се анализираат, следат и прогнозираат организациските, економските, културните психолошките и другите аспекти на туризмот и услужните дејности. Тоа, пак, не зависи само од факултетот, туку претпоставува преземање покомплексни активности на локален, регионален и глобален план за редефинирање на статусот и улогата на научно-истражувачките институции, за нивно организирање и реорганизирање, за меѓусебна соработка и слично.

 

Научно-истражувачки и развојни проекти

Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, преку ЦНИР е вклучен во повеќе меѓународни проекти од примена на Европскиот кредит трансфер систем и Балканска мрежа на високо образование, и тоа:

Student Mobility (ОМС) 2001/2004 година, склучен преку Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола и l’Institut Universitaire des Maitres de L’Academiede de Toulouse, Франција;

Designing a longterm agricultural strategy for Albania under the framework of the Stability Pact, од ТЕМПУС програмата 2000 со Албанија и Факултетот за биотехнички науки во Битола;

Regional Cooperation Joint European Project, Curriculum Development, Enhancing regional cooperation in Southeastern Europe: curriculum updating and adoption for tertiary hospitality and tourism sources, од ТЕМПУС-ФАРЕ програма, со Грција и Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, 2000;

Проект за заштита на Охридското Езеро, 1991/2001 во компонентата А, Развој на институционална и законска рамка за унапредување на животната средина во сливот на Охридското Езеро;

TEMPUS AD JEP-15007/2000 (започнал во април 2001, а завршил во јуни 2004), со наслов:Enhancing regional cooperation in Southeastern Europe: Curriculum updating and adoption for tertiarylevel hospitality and tourism courses, контрактор е T.E.I. од Солун, Грција, а други земји учеснички се: Финска, Шкотска, Македонија, Албанија;

TEMPUS C-D JEP-17 121/2002 (започнал октомври 2003, а трае до август 2006), со наслов: Advanced regional cooperation in South-easatern Europe: development of postgrdaduate curriculum for hospitality and tourism studies, контрактор Т.Е.И. од Солун, Грција, а други земји учеснички се: Финска, Италија, Англија, Македонија, Хрватска, Србија и Црна Гора, Албанија;

Проект Туристичка промоција на Охрид, како проект имплементиран преку канцеларијата Призма во Скопје, корелатор со Агенцијата за меѓународен развој на САД и Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, 2000-2003;

Проект По патеките на одржлив развој, 2000/2003, во корелација меѓу Факултетот за туризам и угостителство – Охрид и Здружение на Виши школи, Ст. Луис, Мисури, САД;

Custоmer – oriented brand-value measurement of the destination Macedonia in the Source Region of Germany, Германско-македонски проект, 2008-2010;

Меѓународен проект и изработка на елаборат за меѓународно научно-стручно списание со IMPACT фактор. 2008-2012;

Проект Мерење на четворен бренд за Mакедонија како туристичка дестинација во Германија, Факултетот за туризам и менаџмент во Хајде, Германија и Факултетот за туризам и угостителство Охрид, 2008-2009;

Проект Master Studies in Tourism, Outdoor Recreation and Culture – MASTOC – European Commission Tempus IV, 2009;

Проект German-Macedonian Training program and network Sustainable Tourism for SME in the Tourism Sector, Academics and other Promotors, ДБУ, Германија, 2011-2013;

Проект Рурален туризам, Израел, Факултет за туризам и угостителство, Охрид, Април, 2012;

Проект American Cultural Studies in Tourism and Hospitality at the Faculty of Tourism and Hospitality – Ohrid, FTU-US Embassy Skopje, 2012;

IPA/2010/DN 023657/CN361064 (2013-2016): : IPA Cross-border Programme Greece – Republic of Macedonia 2007-2013, Project title – Water Protection Thematic Park Actions: WATER.NET; Greece – Municipality of Edessa, Alexander Technological Educational Institute of Thessaloniki; Republic of Macedonia – Municipality of Ohrid, University Kliment Ohridski, Bitola, Faculty of Tourism and Hospitality, Ohrid;

(2015 -2016): Наслов на проектот: Социо-економски ефекти од туризмот во Охрид за период 2004-2014, Факултет за туризам и угостителство – Охрид;

(2015 – -): Наслов на проектот: Increasing market employability programme SWISSCONTACT и Факултет за туризам и угостителство – Охрид;

(2016): Наслов на проектот – XIII Меѓународна научна конференција за услужен сектор (ИНСКОСЕС 2016), Јавен повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на Општина Охрид за 2016,Општина Охрид, Факултет за туризам и угостителство- Охрид;

Interreg – IPA (2017-2019): Project title – I-TOUR – Increasing Tourism Opportunities Through Utilization Of Recourses; Republic of Macedonia: Center for development of Pelagonija planning region (CDPPR), Bitola; Faculty of Tourism and Hospitality, Ohrid; Pelister National Park, Bitola; Greece: Prespes National Park, Laimos; University of Macedonia, Thessaloniki;

2017-1-AT01-KA203-034984 ERASMUS+ Programme Strategic Partnerships (2017-2020): Project title – TEACHING 2030 – Future-proof your classroom: teaching skills 2030; University of Applied Sciences Burgenland, Austria; University of Maribor, Department of International Economics and Business, Slovenia; University St Kliment Ohridski, Bitola, Faculty of Tourism and Hospitality, Ohrid, Macedonia; University of Valencia, Spain; University of Perugia, Italy; University of Aveiro, Portugal; Faculty of Tourism & Hospitality Management, Opatija, Croatia; Eszterházy Károly University, Eger, Hungary; CREATE mediadesign GmbH, Vienna, Austria;

Contract no. 83265638 (2017): Rural development through integrated forest and water resources management in Southeast Europe: Non formal training programme for selected tourism professions; Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ), Bonn/Eschborn, University Kliment Ohridski, Bitola, Faculty of Tourism and Hospitality, Ohrid;

ОБПП бр. 50/2017 (2017-2018): Наслов на проектот –Услуги за изработка на економска анализа (методологија и стратегија) за поединечни економски гранки на територијата на Општина Охрид и нивно учество во БДП и деловни можности на општината. Општина Охрид, Факултет за туризам и угостителство – Охрид;

ОБПП бр. 2-2/2017 (2017): Наслов на проектот – Обезбедување на податоци од областа на туризмот и подготовка на модел за проекција на идни показатели, Министерство за економија, Факултет за туризам и угостителство – Охрид;

ОБПП бр. 08/2017 (2017-2018): Наслов на проектот Организација на настани за потребите на проектот ЛАК-тиве Туризам, Општина Охрид, Факултет за туризам и угостителство – Охрид;

ОБПП бр. 10/2017 (2017-2018): Наслов на проектот Набавка на консултантски услуги за реализација на проектни активности за потребите на Проектот ЛАК-тиве Туризам. Општина Охрид, Факултет за туризам и угостителство – Охрид;

Interreg – IPA (2017-2019): Project title – I-TOUR – Increasing Tourism Opportunities Through Utilization Of Recourses; Macedonia: Center for development of Pelagonija planning region (CDPPR), Bitola; Faculty of Tourism and Hospitality, Ohrid; Pelister National Park, Bitola; Greece: Prespes National Park, Laimos; University of Macedonia, Thessaloniki;

2017-1-AT01-KA203-034984 ERASMUS+ Programme Strategic Partnerships (2017-2020): Project title – TEACHING 2030 – Future-proof your classroom: teaching skills 2030; University of Applied Sciences, Burgenland, Austria; University of Maribor, Department of International Economics and Business, Slovenia; University of St Kliment Ohridski, Bitola, Faculty of Tourism and Hospitality, Ohrid, Macedonia; University of Valencia, Spain; University of Perugia, Italy; University of Aveiro, Portugal; Faculty of Tourism & Hospitality Management, Opatija, Croatia; Eszterházy Károly University, Eger, Hungary; CREATE mediadesign GmbH, Vienna, Austria;

Contract no. 83265638 (2017): Rural development through integrated forest and water resources management in Southeast Europe: Non formal training programme for selected tourism professions; Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ), Bonn/Eschborn, University of Kliment Ohridski, Bitola, Faculty of Tourism and Hospitality, Ohrid;

ОБПП бр. 50/2017 (2017-2018): Наслов на проектот -Услуги за изработка на економска анализа (методологија и стратегија) за поединечни економски гранки на територијата на Општина Охрид и нивно учество во БДП и деловни можности на општината. Општина Охрид, Факултет за туризам и угостителство – Охрид;

ОБПП бр. 2-2/2017 (2017): Наслов на проектот Обезбедување на податоци од областа на туризмот и подготовка на модел за проекција на идни показатели Министерство за економија, Факултет за туризам и угостителство – Охрид;

ОБПП бр. 08/2017 (2017-2018): Наслов на проектот – Организација на настани за потребите на проектот ЛАК-тиве Туризам, Општина Охрид, Факултет за туризам и угостителство – Охрид;

ОБПП бр. 10/2017 (2017-2018): Наслов на проектот – Набавка на консултантски услуги за реализација на проектни активности за потребите на Проектот ЛАК-тиве Туризам, Општина Охрид, Факултет за туризам и угостителство – Охрид;

ОБПП бр. 2-5/2018 (2018): Наслов на проектот -Изготвување на студија за пештерите во Република македонија како туристички дестинации, Министерство за економија, Факултет за туризам и угостителство – Охрид;

(2020) Анализа на економскиот импакт на туризмот во Општина Охрид- Факултет за туризам и угостителство Охрид;

 

Научно-стручни советувања во организација или коорганизација на факултетот

Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, преку ЦНИР ги има организирано следните меѓународни симпозиуми и конференции:

 

XV International Scientific Conference on Service sector INSCOSES 2020, Ohrid 11-12 September 2020;

2017 – XIV International Scientific conference on Service Sector – INSCOSES 2018;

2016 – XIII Меѓународна научна конференција за услужен сектор – – ИНСКОСЕС 2016;

2013 – Меѓународна научна конференција за услужниот сектор, Охрид;

2012 – Втора германско-македонска конференција за одржлив туризам, заедно со Универзитетот за применети науки во Еберсвалде, Германија;

2012 – Меѓународна научна конференција Културниот коридор Варна-Истанбул: културен туризам без граници, Варна, Истанбул;

2012 – Прва германско-македонска конференција за одржлив туризам, заедно со Универзитетот за применети науки во Охрид, Македонија;

2011 – Меѓународна научна конференција Услужниот сектор во променливо окружување, Охрид;

2011 – Меѓународна научна конференција Културниот коридор Софија-Охрид: културен туризам без граници, Ќустендил, Охрид;

2009 – Меѓународна научна конференција Туризмот во услови на глобална економска рецесија, Охрид;

2007 – Меѓународна научна конференција Стратегија на развој на туристичката индустрија во 21 век, Охрид;

2005 – Меѓународна научна конференција Современи тенденции во туристичката индустрија, Охрид;

2003 – Меѓународна научна конференција Туризмот и осигурувањето во услови на глобализација, Охрид;

2001 – Меѓународна научна конференција Мултипликативни ефекти на развојот на туризмот, Охрид;

1999 – Меѓународна научна конференција Економски и правни аспекти на туризмот, Охрид

1997 – Меѓународна научна конференција Еколошки и социо-психолошки аспекти на туризмот, Охрид

1996 – Меѓународна научна конференција Туристичката пропаганда – услов за развој на туризмот;

1995 – Меѓународна научна конференција Културата и туризмот, Охрид;

1992 – Меѓународна научна конференција Можности и перспективи за развој на туризмот во СРМ до 2000 година, Охрид;

1990 – Меѓународна научна конференција Здравствениот туризам во Република Македонија, Охрид;

1988 – Меѓународна научна конференција Вонпансионска потрошувачка во хотелиерството, Охрид.

 

Курсеви, тркалезни маси, работилници, семинари и поканети предавања

Значајно место во образовната дејност на ФТУ – Охрид во изминатиот 5-децениски развој заслужуваат и достигнувањата во организирањето на курсеви – програми за доживотно учење, тркалезни маси, работилници, семинари и  ангажирање на истакнати предавачи од високо образовни институции и од  услужниот сектор во земјава и странство.

Преку ваквите образовни форми факултетот го проширува својот образовен и едукативен опфат и дава можност да се унапредуваат постојните знаења и да се усогласуваат со потребите и барањата на новото време, да се зајакнуваат и потврдуваат вештините, компетенциите и други професионални вредности и квалитети со кои учесниците во образовниот процес ја зголемуваат својата препознатливост и конкурентност на пазарот на трудот.

Курсеви

Историјата во организирање на курсеви на ФТУ – Охрид започнува уште пред три децении. Врз основа на Законот за туристичка и угостителска дејност од 1983 година, Факултетот реализира Програма за стручен испит преку која своите знаења ги продлабочија голем број на слушатели. Во последните две децении од досегашниот развој, факултетот континуирано реализира  курсевите за:

туристички водич,

туристички придружник и

раководител на туристичка агенција.

Само во последната деценија овие курсеви ги посетиле и со успех ги завршиле околу 1000 учесници.

Програмата за туристички водич е усвоена во 2003 година (одлука бр. 11-206/2 од 4.4.2003). Во последнава деценија курсот за туристички водич го завршиле 349 учесници.

Програмата за туристички придружник е усвоена во 2003 година (одлука бр. 11-206/2 од 4.4.2003). Во последнава деценија програмата  за туристички придружник  е реализирана кај 186 учесници.

Програмата за Раководител на Туристичка агенција е усвоена во 2008 година (одлука бр. 11-301/3 од 9.9.2008).  До сега оваа програма ја посетиле 214 учесници.

Тркалезните маси, работилниците, семинарите и поканетите предавачи, исто така, имаат долгогодишен континуитет. Преку нивното организирање, покрај нашата институција, како партнери и коорганизатори земаат учество високообразовни институции од земјава и странство, преставници на услужниот сектор од делот на туристичките, угостителските, осигурителните, финансиските  и другите  сектори, претставници на локалната самоуправа и други учесници. Таквиот пристап овозможува низ едукативната активност да се синхронизираат, координираат и интегрираат интересите на повеќе субјекти и да се постигнуваат синергетски ефекти во организацијата на овие настани.

Во рамките на секоја меѓународна конференција на факултетот, се одржува тркалезна маса како можност учесниците од повеќе земји да дадат свој прилог во актуелизацијата и значењето на третираните теми. Покрај тоа, тркалезни маси, работилници, семинари и поканети предавања се организираат во рамките на образовните програми на ЕУ и други меѓународни и национални проекти.

Во делот што следува ќе посочиме неколку настани од ваков вид низ кои како посебен квалитет се изразува интернационализацијата на факултетот, соработката со високобразовни и други институции, со услужниот сектор и локалната заедница:

Тркалезната маса, Потенцијалите за соработка во областа на туризмот (2009), во соработка со Високата школа за туризам од Довил – Франција. Целта на соработката е подобра искористеност на туристичките потенцијали на Охрид;

 

Работилница за одржлив развој на туризмот во Охрид (2011), како дел од Германско –македонската тренинг програма и мрежа – одржлив развој, во соработка со германскиот Универзитет за одржлив развој Еберсвалде, наменета за професори од ФТУ – Охрид и за други промотери од државни институции и од приватниот туристички сектор во Македонија, насочена кон одржлив развој на туризмот како стопанска дејност;

Втора работилница за обука за одржлив менаџмент во туризмот ( 2012). Во рамки на Германско-македонскиот проект Одржливост во туризмотTrain the trainers – програмата помеѓу Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола, Факултет за туризам и угостителство и Универзитетот за одржлив развој Еберсвалде (Факултет за применети науки), мастер насоката Одржлив менаџмент во туризмот;

Семинар со наслов Food and beverage management, (2012) реализиран во соработка со фондацијата La Fondation pour la Formation Hôtelière со седиште во Женева. Пред претставници од хотелско-угостителскиот сектор, професори од ФТУ – Охрид, менаџери на ресторани и врвни странски експерти, се одржаа неколку презентации за контрола на квалитетот на сервис, slow food, тестирање на вино, а се реализира и работилница за дегустација на пиво. Во партнерство со фондацијата La Fondation pour la Formation Hôtelière, до 2020 година организирани се четири семинари во кои се опфатени голем број учесници;

Работилница за виното,(2013) во соработка со Винарска визба Тиквеш (2013) со цел да се промовира винската култура во Македонија, да се подобри знаењето на студентите за виното и неговото значење во угостителската индустрија;

Работилница на тема Утврдување на заеднички активности и визионирање на кластерот за туризам во регионот на Охридското Езеро,(2014) организирана во соработка со Агенцијата за индустриски развој на Обединетите Нации – УНИДО, со цел да воспостави дијалог помеѓу сите чинители во туризмот во регионот на Охридското Езеро, за заеднички да се изгради визија и мапа на активности на Кластерот, кои ќе придонесат кон остварување на неговата визија;

 

Работилница за примена на иновативната методологија за управување со дестинации – Сент Гален моделот за управување со дестинации (Saint Gallen destination management model-SGD). Работилницата ја водеше проф. д-р Пјетро Берители од Универзитеот од Сент Гален, Швајцарија, кој воедно е креатор на оваа методологија. Учесници на работилницата беа професори од ФТУ, претставници од туристичкиот бизнис-сектор и студенти.

7. Тркалезни маси во рамки на ИНСКОСЕС (2016) Конференцијата од ФТУ на следниве теми:

– Развој на осигурувањето во Република Македонија (на оваа дискусија учествуваа Деканот на ФТУ, продеканите, раководителот на студиската програма Осигурување, претставници од осигурителните компании, професори-учесници на конференцијата, директорот на Агенцијата за ревизија и осигурување на Република Македонија, воведниот излагач на конференцијата);

– Развојна соработка помеѓу ФТУ и угостителско-туристичкиот бизнис-сектор (на оваа дискусија учествуваа деканот на ФТУ, продеканите, раководителите на студсиските програми Туризам, Хотелско-ресторански менаџмент и Гастрономија, претставници од угостителско-туристичкиот бизнис, професори-учесници на конференцијата, директорот на ХОТАМ, воведниот излагач на конференцијата);

– Тркалезни маси во рамки на ИНСКОСЕС 2018 Конференцијата од ФТУ на  тема: Улогата на образованието во профилирање на кадри за услужниот сектор (на оваа дискусија учествуваа деканот на ФТУ, продеканите, раководителите на студиските програми на ФТУ, професори-учесници на конференцијата, раководителот на Руската царинска академија од Москва);

Семинар за обука на наставниот кадар за дестинациски маркетинг и менаџмент на факултетите за туризам од Република Македонија. Овој семинар беше во коорганизација на ФТУ со УНИДО (Агенција при ОН), како прв од трите последователни семинари за управување со туристичка дестинација кои се организираа во феврурари, април и септември 2017 година. На овие семинари учествуваа професори од ФТУ, и професори од ФТБЛ-Штип и ФТМ- Скопје;

Предавање на проф. д-р Мариан Мокан, декан на Факултетот за менаџмент во производство и транспорт при Политехничкиот универзитет во Темишвар, Романија,во рамките на ЦЕЕПУС програмата за академска мобилност. Во периодот од 2 до 6 март 2019 д-р Мокан одржа предавања за студентите;

Предавање на професорите по гастрономија Jean Blaret и Christophe Dovergne, од школата за ГастрономијаJesse de Forestод Лил – Франција, (2019). Двајцата професори одржаа мастер час во кујната на факултетот на кој присуствуваа професори, студенти и готвачи од повеќе хотели и ресторани од Охрид;

Обука за референт за логистика,( 2019) во соработка со Асоцијацијата на здруженија на работодавачите на превозните трговски друштва во Република Македонија МАКАМ-ТРАНС Скопје. Оваа обука им овозможи на студентите да се стекнат со практични знаења за значењето на логистиката за поврзување на целокупното стопанство;

Трибина на тема Правата на потрошувачите (2019) во соработка со Организацијата на потрошувачи во Македонија;

Трибина (онлајн) на тема Можностите за алтернативно решавање на потрошувачки спорови и заштита на нивните права (2020). Настанот e поддржан од Министерството за економија во рамките на Програмата за заштита на потрошувачите на Владата на Македонија за 2020 г.

Кандидатите кои поднесле пријава за прв циклус на студии во вториот уписен рок треба да се запишат на 24.09.2021 година во просториите на ФТУ.

Повеќе информации на страницата на УПИСИ