Деканот на Факултетот за менаџмент во производство и транспорт, Проф. Д-р Мариан Мокан одржа предавање на ФТУ – Охрид

Деканот на Факултетот за менаџмент во производство и транспорт, Проф. Д-р Мариан Мокан одржа предавање на ФТУ – Охрид

Во рамките на ЦЕЕПУС програмата за академска мобилност, гостин на ФТУ Охрид беше проф. д-р Мариан Мокан, Декан на Факултетот за менаџмент во производство и транспорт при Политехничкиот универзитет во Темишвар, Романија. Во периодот од 02 до 06 март д-р Мокан одржа предавања за студентите од четврта година на насоката Царина и шпедиција и оствари работни средби со раководството и дел од професорите на ФТУ. Неговата посета беше искористена за размена на искуства помеѓу двете институции и беа разгледани и иницирани дополнителни можности за соработика помеѓу факултетите и универзитетите.