Осигурување

Времетраење на студиската програма: 4 години

ЕКТС кредити: 240

Титула: Дипломиран менаџер по осигурување

 

Цели на студиската програма

Студиската програма по ОСИГУРУВАЊЕ во прв циклус претставува можност за  унапредување на дејноста осигурување во Република Македонија низ користење на  профилирани стручњаци кои ќе можат да се справат со предизвиците на современите процеси во областа на осигурувањето. Студиската програма е во функција на користење на современи методи во работните активности и оспособеност за осознавање на новите научни резултати и нивна имплементација како апликативни решенија. Конкурентноста на осигурителниот пазар бара да се знаат основите на осигурувањето, од аспект на областите кои се основни во осигурувањето: економските науки, правни и математичко-техничките науки, економската условеност и економските резултати, правната регулираност и контролата на сложените активности. Тоа всушност значи дека преку едукативниот процес ќе се овозможи правилно управување со ресурсите како во рамките на просторните целини и административните рамки, така и со стопанските субјекти кои делуваат во областа на осигурувањето. Профилираниот кадар ќе се стекне со знаења кои ќе овозможат правилен пристап во планирањето и реализирањето на работните процеси во оваа област.

Целта и оправданоста за воведување на студиската програма ОСИГУРУВАЊЕ претставува профилирање кадар кој ќе стекне знаења, способности и вештини за успешен пристап во организирањето, планирањето и реализирањето на активностите во осигурителната дејност.

 

Резултати од учењето (специфични дескриптори на квалификации)

знаења и разбирање

  • со завршувањето на првиот циклус на студии, студентите се стекнуваат и покажуваат знаења и разбирања од областа на осигурувањето според високо – образовни и меѓународно признати научни стандарди. Со тие знаења и разбирање завршените студенти се оспособуваат за применување на соодветни методологии за решавање сложени проблеми во осигурителната дејност, како на систематски, така и на креативен начин. Тоа обезбедува основа и можност за оригиналност во развивањето и примената на автономни идеи во контекст на истражување на регулативите во осигурувањето, како и осигурителниот пазар и неговите специфики.
  • студиската програма ОСИГУРУВАЊЕ им овозможува на завршените студенти стекнување и градење способности за употреба на проширеното и продлабоченото знаење во континуитет, пратејќи ги современите трендови во осигурителниот бизнис во развиените држави со развиени научно – образовни програми.
  • студентите со завршен прв циклус на студии од ОСИГУРУВАЊЕ покажуваат високо ниво на професионална компетентност во повеќе специфични научни полиња кои придонесуваат за оформување на сложен сублимат преточен во дејноста осигурување. Како доминантни научни полиња се издвојуваат економските науки, правните науки, социо-психолошки науки, технички и информатички науки.

примена на знаењето и разбирањето

  • студиската програма ОСИГУРУВАЊЕ им овозможува на завршените студенти стекнување способности за критичко, независно и креативно решавање проблеми со одредена оригиналност во нови или непознати средини и во мултидисциплинарен контекст, поврзани со полето на студирање.
  • студентите се оспособуваат за настап на осигурителниот пазар со креирана соодветност на елементите кои се неопходни. Тие стекнуваат способности за компетентно вклучување на пазарот на трудот во земјата и странство.

способност за проценка

  • првиот циклус на студиите ОСИГУРУВАЊЕ овозможува стекнување на способности за синтетизирање и интегрирање на знаењето од соодветната област.
  • овозможува стекнување способности за справување со сложени прашања, на систематски и креативен начин, за солидно проценување, дури и при некомплетни и ограничени информации, кои ги вклучуваат личните, општествените и етичките одговорности при примената на стекнатото знаење и проценка
  • значајна придобивка од студиите за осигурување е стекнувањето способност за оценување и селекција на научни теории, методологии, алатки и општи вештини од предметните области, како и поставување на нови анализи и решенија на научна основа, а поврзани со различните сфери на осигурителната дејност.

комуникациски вештини

  • студентите кои го завршуваат првиот циклус на студиите ОСИГУРУВАЊЕ се стекнуваат со комуникациски вештини како што се способноста за размена на заклучоци и предлози со аргументирање и со рационално поткрепување на истите, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено.
  • тие се оспособуваат со стекнување на комуникациски вештини за превземање значителна одговорност за заедничките резултати, како и за водење и иницирање на активности.
  • завршените студенти стекнуваат вештини за аналитичко и критичко размислување, претприемачки вештини и проценка на ризик, вештини за планирање и донесување одлуки, вештини за лидерство, како и вештини за раководење со деловни субјекти од областа на осигурувањето, менаџирање, стратегиско размислување и предвидување на активностите во областа на осигурувањето.

вештини на учење

  • студентите кои ги завршуваат студиите по ОСИГУРУВАЊЕ се оспособуваат за препознавање на личната потреба за градење на понатамошни знаења и способности за независно и самостојно делување, како институционално, така и во општествени рамки.
  • вештините на учење кои ги стекнуваат студентите им овозможуваат превземање одговорност за перманентен професионален развој и усовршување во осигурителната дејност, но и во други дејности каде нивните знаења би биле од корист

 

 

Елаборат 2016