Gastronomy

Студиската програма на насоката “Гастрономија” претставува можност за унапредување на гастрономијата, исхраната и диететиката во Република Македонија преку создавање на профилирани стручњаци кои ќе можат да се справат со предизвиците на современите гастрономски процеси. Студиската програма е во функција на користење на современи методи во работните активности, оспособеност за осознавање на новите научни резултати и нивна имплементација како апликативни решенија.

Светските трендови императивно се стремат кон синергија на туризмот и храната. Храната има сè поголема тежина во задоволувањето на потребите на денешниот современ турист, со што ќе има сè поголемо значење за развојот на туризмот во Република Македонија.

Со пораст на куповната моќ на туристичките потрошувачи, тие ќе бараат се посегментиран и уникатен туристички производ карактеристичен за туристичката дестинација. Истото ќе се однесува и во доменот на храната како многу битен сегмент на туристичкиот производ во целина. Задоволувањето на потребите за храна на денешниот туристички потрошувач, не преставува повеќе секојдневен, обичен чин, туку се повеќе претставува гастрономско доживување.

Раководител на насоката: Проф. д-р Симона Мартиноска

Елаборат Гастрономија 2017

Елаборат Гастрономија 2022