Tourism

Почетоците на работењето на Факултетот за туризам и угостителство се тесно поврзани со насоката Туризам чие четири и пол децениско опстојување го потврди квалитетот на наставните содржини што се изучуваат, приспособувајќи ги кон општествено-економските потреби за високообразовани кадри од областа на туризмот способни за решавање на проблемите на сите системски нивоа во земјата и странство. Структурата на студиската програма Туризам им овозможува на студентите индивидуално креирање и оформување на нивното академско образование. Ваквиот пристап претставува резултат на нејзино континуирано осовременување кое произлегува од современите глобални процеси не само во образовен туку и во професионален контекст во национални и меѓународни рамки.

Преку изучување на наставните дисциплини од студиската програма Туризам се отвораат можности за постојано унапредување на туристичката дејност во Република Македонија низ користење на профилирани стручњаци кои ќе можат да се справат со предизвиците на современите туристички процеси. На  студентите им се овозможува своите знаења да ги надополнуваат во други универзитетски средини во земјата и странство преку примена на европскиот кредит трансфер систем за мобилност на студенти, при што се реализираат студентски мобилности од нашите студенти и студенти од други универзитети

Со завршувањето на првиот циклус студии по Туризам, студентите се стекнуваат со знаења и вештини што ќе можат да ги применат во својата професија на најдобар професионален начин. Студентите се стекнуваат со современи знаења за спецификите и карактеристиките на туризмот според високо-образовни меѓународно признати стандарди, но едновремено и со општо-образовни знаења од областите на просторните, општествено-економските, социокултурните вредности, и другите домени на туризмот. Хетерогеноста на туризмот овозможува примена на знаењата од мултидисциплинарен карактер. Студентите се оспособуваат за управување со процесите во туризмот во сите сфери на неговата дејност и настап на туристичкиот пазар со креативна способност за идентификација, анализа и решавање на проблемите.

Дипломираните студенти од првиот циклус четиригодишни универзитетски студии на оваа студиска програма се стекнуваат  со 240 кредити и со академско звање дипломиран менаџер по  туризам (BA in tourism).

Раководител на насоката: Проф. д-р Симона Мартиноска

Елаборат Туризам 2016

Elaborate Tourism English 2016

Елаборат Туризам 2022

Elaborate Tourism English 2022