По повод јубилејот 50 години работа на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, факултетот изготви монографија во која се опфатени најважните активности и настани кои биле организирани за и од страна на факултетот. Од својот почеток во 1970 година како Виша угостителско туристичка школа, заклучно до крајот на 2020 година наведени се почетокот, развојот и работата на наставниот, административниот кадар, како и работата на студентите. Сите кои биле вработени или студенти кои дипломирале на факултетот ќе се најдат во оваа монографија.

Оваа монографија ја креиравме за потребите на факултетот како паметник за она што се случило во минатото и како основа за креирање на други вакви монографии во иднина. Секако, монографијата има за цел да допре до јавноста за да се согледа што се работело на факултетот како најстара високообразовна институција од областа на туризмот и услужниот сектор во државата.

Им благодариме на сите лица и институции кои на кој и да било начин помогнале во работата на факултетот.

PDF – Факултет за туризам и угостителство во Охрид 50 -годишен јубилеј 1970-2020