ФТУ Охрид дел од четвртиот Московски меѓународен модел на Светска царинска организација

ФТУ Охрид дел од четвртиот Московски меѓународен модел на Светска царинска организација

ФТУ Охрид дел од четвртиот Московски меѓународен модел на Светска царинска организација

Претставници од департментот за Царина и шпедиција при ФТУ, на покана на Ректорот на Руската царинска академија (РЦА), учествуваа на четвртиот Московскиот меѓународен модел на Светска царинска организација што го организира Царинскиот факултет при РЦА. Овој светски настан се одржа на 24 март 2021 година во Москва, а поради здравствената криза, дел од учесниците имаа онлајн излагања на истиот.

Целта на настанот е да се стимулираат иновативни решенија за подобрување на ефикасноста на државните царински администрации и нивна интеграција во глобалната економија преку користење на искуствата на телата на СЦО. Московскиот модел на СЦО овозможува развој и унапредување на компетенциите на младите специјалисти кои треба да бидат подготвени да ги совладаат и применуваат најдобрите светски практики од областа на царините и меѓународната трговија. На настанот учествуваа претставници (излагачи и делегати) од повеќе земји меѓу кои Русија, Јапонија, Швајцарија, Германија, Словенија, Латвија, Литванија, Македонија, Казахстан, Белорусија и други земји.

Свое излагање меѓу другите имаа и претседателот на секретаријатот на ИНЦУ (Меѓународна мрежа на универзитети од областа на царината) г-н Михаил Кашубски, директорот на регионалниот центар за институционален развој на европскиот регион на Светска царинска организација г-н Езер Ченгел, раководителот на центарот за трговски олеснувања при Обединетите нации (UN/CEFACT) г-н Ленс Томпсон, заменик директорот на секторот за напредни технологии и соработка со Светска царинска организација на Евроазиската економска унија г-н Сергеј Мозер, претставници на Царинските служби од повеќе земји и професори од повеќе универзитети од областа на царините и меѓународната трговија. Во име на ФТУ и УКЛО настанот го поздрави и деканот Проф. Д-р Цветко Андреески.

Продеканот на ФТУ од Охрид, проф. д-р Александар Трајков, на покана на деканот на Царинскиот факултет при РЦА, имаше особена чест да има излагање пред учесниците на тема „Концептот на  овластен економски оператор – користи и предизвици во работењето“ во една од главните сесии на настанот, по што следеа прашања и дискусии со останатите учесници.

Студентите од четврта година на Царина и шпедиција при ФТУ Охрид, активно учествуваа во Работните групи како претставници на Македонија, на овој значаен светски настан заедно со колеги и студенти од повеќе земји. На тој начин имаа можност да развијат способност за носење на информирани и одговорни одлуки врз основа на рамнотежа на интересите на сите страни – учеснички во преговори.

Како резултат на учеството на ФТУ на овој настан, беше поканата наменета за студентите од насоката Царина и шпедиција да се вклучат во Меѓународниот клуб што го формира Руската царинска академија за унапредување на знаењата од областа на царините и трговијата со користење на стручен англиски јазик, а во кој веќе учествуваат студенти од повеќе земји.

Повеќе информации за настанот може да се прочитаат на веб страната на Руската царинска академија: http://rta.customs.ru/nrta/index.php?option=com_content&view=article&id=7438:24–2021—–iv—-&catid=2:news&Itemid=2251