Иновациски Хаб на ФТУ – Охрид

На 07.06.2019 со почеток во 12:00 часот на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид се отвори Иновацискиот хаб кој е резултат од проектот за прекугранична соработка со Република Албанија, INNOV8. На отворањето на хабот се обратија Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Г-динот Јован Деспотовски. На настанот присуствуваат и претставници од други факултети од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, претставници од стопанството како и од Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) кој учествуваше во работа на проектот. 

Отворен ден за информации во врска со Иновативниот Хаб на ФТУ – 05.07.2019

Согласно јавниот повик за финансирање на проекти за новоосновани трговски друштва „Старт-ап“ и „Спин-оф“ во југозападниот регион на РСМ како дел од проектот „Иновативен Еко-Систем во областа на прекуграничната соработка“, на 01.11.2019 со почеток во 9:00 часот започна постапката за оценување и селекција: „Селекција на најдобар предлог проект“ односно презентација на поднесените предлог проекти пред Комисијата за оценување и избор.

На 05.11.2019 во Иновацискиот хаб на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беше одржана презентација на можностите кои се нудат преку Фондот на Западен Балкан. На настанот информациите ги презентираа Шпати Колгега од Албанија и Ксенија Вукмировиц од Црна Гора. Заинтересираните за оваа фондација повеќе информации може да најдат на http://westerbalkansfund.org

За целите на проектот ,,Иновативен Еко-систем во прекуграничната област” (INNOV8), како дел од IPA програмата за предпристапна асистенција, овозможена од Европската комисија преку Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, во Иновативниот Хаб при Факултетот за туризам и угостителство во Охрид на 20.12.2019 година пред претставници од малите и средни претпријатија, асоцијации и друштва од Охрид и Струга, се одржа обука ,,Градење капацитети на малите и средни претпријатија и Старт-ап компании”. Обуката ја водеа Проф. Д-р. Радмил Поленаковиќ и Д-р. Борислав Нестороски.
Проектот се спроведува со цел создавање силна врска помеѓу едукциониот систем и бизнис секторот за зајакнување на малите и средни претпријатија и зголемување на нивната конкурентност. Главните цели вклучуваат развој на економијата, намалување на имиграцијата, намалување на трендот ,,одлив на мозоци “ и подобрување на прекуграничната соработка.
Во овој проект се вклучени следните апликанти: EuroPartners Development и Националната Агенција за научно истражување и иновации од Република Албанија и Фондот за развој на иновации и технолошки развој и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење од Република Северна Македонија.
Иновативниот Хаб преку активноста на своите вработени овозможува административна подршка, информации, координирање на активностите на вклучените субјекти, тренинзи и работилници со цел развој на иновации и апликација за грантови. Иновативниот Хаб од Охрид својата соработка ќе ја одржува со Иновативниот Хаб од Корча.
Сите информации за работата и активностите на хабот ќе бидат објавувани на веб страната на Факултетот за туризам и угостителство- Охрид и Facebook-страната Innovation Hub-Ohrid.