Интерактивна online-ТРИБИНА на тема: „Можностите за алтернативно решавање напотрошувачки спорови и заштита на нивните права“

Интерактивна online-ТРИБИНА на тема: „Можностите за алтернативно решавање напотрошувачки спорови и заштита на нивните права“

На иницијатива и координација меѓу Претседателката на „Организацијата на потрошувачи на Македонија“, Д-р Маријана Лончар Велкова, и Проф.д-р Ристо Речкоски, во понеделникот, на 23.11.2020 г. во терминот од 11:00 – 12:30 часот, преку *ZOOM*-Платформата, се одржа *Интерактивна **online**-ТРИБИНА* за студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола, на тема: *„Можностите за алтернативно решавање на потрошувачки спорови и заштита на нивните права“.* Настанот беше поддржан од Министерството за економија во рамките на Програмата за заштита на потрошувачите на Владата на Македонија за 2020 г.
На Трибината свое поздравно обраќање имаа: Г-ѓа Нериман Џеладини, Раководител на Секторот за внатрешен пазар при Министерството за економија, како и Проф. д-р Светлана Вељановска, Претседател на Сенатот при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, и проф на Правниот Факултет во Кичево.
Учесниците-во најголем дел практичари и експерти од оваа област, како и вклучените студенти од различните насоки на ФТУ-Охрид, како и од Правниот Факултет-Кичево, и Дисперзираните Студии во Битола, имаа можност да слушнат и да видат повеќе аспекти за *Алтеративно**то** решавање на спорови**, *преку разгледување на домашната* з*аконската регулатива во РМ-праксата и *De lege ferenda*, како и различната регулатива во ЕУ, претставена воглавно преку Директивата за алтернативно решавање на споровите на потрошувачите (*Directive 2013/11/EU of the European Parliament and of the Council of 21 May 2013 on alternative dispute resolution for consumer disputes)**.*
Предавачи на овој настан беа:
1. Проф. д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска, проф.на Правниот Факултет Јустинијана Прима, при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје
2. Д-р Маријана Лончар Велкова, претседателката на „Организацијата на потрошувачите на Македонија, и
3. Проф. д-р Ристо Речкоски, проф. на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, при Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола.
Слушателите имаа убава можност да се запознаат со најновите трендови во областа на т.н. „Потрошувачко право-Право на потрошувачите“ (Consumer’s law), како на европско и светско ниво, така и во РМ. Беа изложени идеите, како и најновите одредби на новото законодавство кое треба да биде усвоено во РМ, во согласност со европските насоки и директиви.