Туризам – 1 година

Постоењето на вториот циклус едногодишни универзитетски студии по туризам, отвора можности за стекнување со потесни стручни познавања од областа на туризмот како надградба на стекнатото знаење од првиот циклус студии со освоени 240 кредити. Со оваа програма се зголемува можноста за натамошно унапредување на туристичката дејност во Македонија профилирајќи стручњаци кои ќе се обучени да се справат со посложени предизвици на современите туристички процеси. Ова се поткрепува со фактот дека во меѓународниот туристички промет денес се вклучени над 1 милијарда туристи, а во домашниот туристички промет бројот на туристи ја надминува бројката од 5 милијарди. Преку процесот на научно истражување и способност на примена на проширено и продлабочено знаење профилираниот кадар ќе биде оспособен правилно да пристапува кон планирање и реализирање на работните процеси и задачи во областа на туризмот.

Согласно со меѓународната Фраскатиева класификација на научно-истражувачките подрачја, полиња и области, едногодишната студиска програма Туризам (II циклус студии) припаѓа во подрачјето на општествените науки – 5, поле- туризам и угостителство – 5.14. За успешно завршување на студиската програма студентите треба да се стекнат со најмалку 60 ЕКТС кредити. Наставната програма предвидува 3 задолжителни предмети, 2 изборни предмети, семинар по методологија на научно-истражувачка работа и изработка и јавна одбрана на магистерски труд со што студентите се стекнуваат со научен назив- магистер од областа на туризмот.

Со едногодишната студиска програма по Туризам за втор циклус студии акцентот при едукацијата на студентите се става на специфични стручни дисциплини, кои ќе им овозможат на студентите индивидуално креирање и оформување на нивното академско образование со цел да го продолжат своето образование на трет циклус студии во земјата и странство.

 

Елаборат 2012

Елаборат 2018