Национална кујна и Економика, Галерии и информации

Национална кујна и Економика, Галерии и информации

Студентите кои ги следат предавањата по предметите Национална кујна и Економика и техники на послужување и во тековниот семестар беа во можност да навлезат во оваа гастрономска проблематика со примена на пристап кој по прв пат се користи на факултетот. Предавањата и вежбите по предметите беа организирани со физичко присуство со запазување на сите антиковид протоколи, é до моментот кога се донесе целосна забрана за организирање на активности од ваков тип на ниво на целата држава. Предметот Национална кујна се изучува од студентите запишани во втора година на насоката Гастрономија, додека пак предметот Економика и техники на послужување во овој семестар го слушаат студентите од прва година Гастрономија и Хотелско-ресторански менаџмент. Со започнувањето на академската 2020/2021 година беа воведени новитети во спроведувањето на наставната програма. За совладување на содржината на претходно споменатите предмети се користат француски стандардни методи за совладување на наставните содржини со примена на таканаречените технички листи. Тоа се всушност стандардизирани рецепти во кои се содржани сите детали во поглед на нормативи и техники кои за прв пат се применуваат на ваков начин во нашата држава. Со тоа се прави револуционерен обид да се приближи студентот кон наставната материја која бара особено познавање на сите основни и напредни техники, вештини и технологии кои наоѓаат примена во гастрономијата.
И овој семестар како и претходниот предавањата и вежбите по предметите се изведуваат под менторство на д-р Климент Наумов, насловен доцент, кој во своите предавања и вежби го применува знаењето стекнато на високата хотелиерска школа Жесе де Форест (Jessé de Forest) во Авен сур Елп – Франција (Avesnes sur Helpe) за време на неговиот двомесечен интензивен студиски престој и м-р Момчило Цониќ, предавач од областа на гастрономијата од Високата школа за бизнис во Лесковац, Република Србија кој е професионален готвач и експерт од стопанството со работно искуство од преку 20 години.
Во прилог погледнете ги фотографиите од активностите кои се спроведоа во дел од летниот семестар од академската 2020/2021 година.

Фотографии гастрономија.zip