Остварена посета преку Еразмус + програмата

Остварена посета преку Еразмус + програмата

На ден 16ти октомври (среда) преку Еразмус + програмата беше остварена посета од страна на професори од Франција (Licee Jesse de Forest), Ирска (GMIT – Galway Mayo institute of technology), Шпанија (Palencia tourism highschool), Бугарија (Еконономскиот универзитет- Варна и професионалната гимназија по туризам -Варна) сите од областа на туризмот и угостителството, со посебен фокус на гастрономијата.

Посетата беше остварена на иницијатива на професорот Кристоф Доверњ од Високата гастрономска школа (Licee Jesse de Forest) од Лил, Република Франција и Проф. д-р. Цветко Андреески, декан на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид.

Беше остварена средба со деканатот, при што се дискутираше за можностите за меѓународна соработка со наведените институции во поглед на унапредување на квалитетот на образованието во сферата на гастрономијата и туризмот преку можностите што ги дава Еразмус + програмата.

Посетата на ФТУ-Охрид се заврши со ручек и организиран разглед на културно историските атракции на градот Охрид.